From Wikipedia, the free encyclopedia
Етри — органски соединенија кои содржат две функционални групи кои можат да бидат алкил или арил групи поврзани со кислороден атом. Кај симетричните етри групите се еднакви, а кај несиметричните тие се различни.
Како и алкохолите, и етрите може да се сметаат за органски аналози ("роднини") на водата.
Диетил етер, обично наречен етил етер или само етер, нашироко се употребува како растворувач и како општ анестетик што се внесува во облик на пареи. Тој делува како депресант на централниот нервен систем и предизвикува несвестица. Диетил етер се употребува заедно со кислород, а смесата е потенцијално експлозивна. Статичкиот електрицитет може лесно да предизвика експлозија.
Познати се и многу циклични етри. Тетрахидроканабинол (ТНС), активна супстанца во марихуаната, има шестчлен етерски прстен. Други циклични етри вклучуваат дроги како кодеин, морфин и хероин.
Одредени циклични етри што содржат неколку кислородни атоми можат да ги транспортираат јоните во биолошките мембрани. Еден од нив е нонактинот, антибиотик што селективно го транспортира калиумот надвор од бактериските клетки. Ова соединение што содржи петчлени етерски прстени поврзани со естерски единици се поврзува со калиумот десет пати подобро отколку со натриумот. Бидејќи клетките мораат да одржуваат повисока концентрација на калиум од натриум јони, селективното отстранување на калиумот ги убива бактериите. Моненсинот, посложен полиетер, образува комплекси со натриум јони, а комплексот ги транспортира натриум јоните во клетките. Зголемувањето на концентрацијата на натриум јоните во клетките го зголемува осмотскиот притисок, а клеточната мембрана се раскинува, убивајќи ја клетката. Моненсинот се додава во храната на живината за уништување на цревните паразити.
Едноставните етри се именуваат како алкил-алкил етри. Името се прави со наведување на алкил (или арил) групите по азбучен редослед и со додавање на името етер. На пример, несиметричниот етер што има една бутил група и една метил група поврзани со еден кислороден атом се вика бутил метил етер. Симетричните етри го добиваат своето име со додавање на претставката ди- на името за алкил групата. На пример, еден етер со две изопропил групи поврзани со еден кислороден атом се вика диизопропил етер.
Етерските молекули не можат да образуваат водородни врски меѓу себе, што резултира во релативно ниската температура на вриење споредено со таа на аналогните алкани. Етрите се повеќе хидрофобни отколку естрите или амидите со споредлива структура.
Етрите се однесуваат како Луисови бази. На пример, диетил етер образува комплекс со соединенијата составени од бор, како бор трифлуорид диетил етерат .F3B:O(CH2CH3)2. Етрите исто така се координираат со магнезиумот во Грињаровите реагенси.
Етрите не треба да се мешаат со следните класи соединенија со истата општа структура R-O-R:
Термините "примарен етер", "вторичен етер" и "третичен етер" се користат повремено и се однесуваат на јаглеродниот атом до етерскиот кислороден атом. Во еден примарен етер, овој јаглероден атом е поврзан со само еден друг јаглероден атом, како што е во диетил етер: CH3-CH2-O-CH2-CH3. Пример за вторичен етер е диизопропил етер (CH3)2CH-O-CH(CH3)2, додека за третичен етер е ди-терт-бутил етер (CH3)3C-O-C(CH3)3.
Диметил етер, примарен, вторичен и третичен етер.
Полиетрите се соединенија со повеќе од една етерска група. Додека терминот општо се однесува на полимери, како полиетилен гликол и полипропилен гликол, нискомолекуларните соединенија од типот на крунски етри понекогаш можат да се вклучат во оваа група.
Етрите можат да се подготват во лабораторија на неколку начини:
Цикличните етри, кои се познати и како епоксиди, можат да се подготват:
Општо, етрите се многу нереактивни. Најчести реакции се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.