Липобелковина со мала густина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Липобелковини со мала густина (LDL, angl. Low-Density Lipoprotein) — една од петте групи на липобелковини кои го пренесуваат холестеролот и другите масти низ телото.[1] Тие се образуваат во крвта од липобелковини со многу мала густина (VLDL) преку липобелковините со средна густина (IDL). Од крвт се отстранува во црниот дроб и екстрахепаталните ткива со рецепторно посредувана ендоцитоза.[2] Зголемената концентрација на ЛДЛ во крвта е фактор на ризик за појава на атеросклероза.[2] Липобелковините со мала густина понекогаш колоквијално се нарекуваат „лош холестерол“ поради нивното влијание врз развојот на атеросклероза со ослободување на холестерол на ѕидовите на артериите, за разлика од липобелковините со висока густина, кои го пренесуваат холестеролот од крајните ткива до црниот дроб и колоквијално се нарекуваат „добар холестерол“.[3]