From Wikipedia, the free encyclopedia
Франкофонија (фр. L’OIF) службен назив „Меѓународна организација на франкофонијата“, е составена од голем број на држави, земји и региони на сите пет континенти во светот кои го користат францускиот јазик како национален, службен, работен и во меѓународните комуникации. Франкофонијата е француски израз, за првпат употребен во 1880 година, од страна на францускиот географ Onesim Reclus, брат на Elise Reclus, кој ја означил заедницата на луѓе и држави во светот кој го користат францускиот јазик. Франкофонијата ја сочинуваат 56 земји членки и 14 земји набљудувачи со 950 милиони жители, и површина од 28 милиони км2.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Во секоја од овие земји францускиот јазик е или мајчин, или службен, или официјален со некој друг јазик, или употребуван во разни институции или барем во мал дел се користи. Модерната франкофонија датира од 1970 година. Нејзиното мото е еднаквост, комплементарност, солидарност (egalite, complementarite, solidarite). Во почетокот франкофонијата била мала заедница од земји во кој се зборувало францускиот јазик, додека денеска таа е меѓу трите најголеми организации во светот, чиишто земји соработуваат на културно поле, науката, економијата, правдата и мирот.
Заедно со останатите организации како што е УНЕСКО, франкофонијата работи на развојот на лингвистиката и културата во ерата на глобализам. Исто така многу соработува со слични организаации, а особено со шпански (Латинска унија), и со португалски (Заедница на држави со португалски јазик), кои се многу значајни во светот.
L’OIF има статус на набљудувач во седницата на Cоветот за безбедност.
Самитите се одржуваат на секои 2 години, кога водачите на земјите членки имаат можност да се сретнат и да ја развиваат стратегијата и целите на организацијата. Важно е да се напомене дека оригиналниот основач на франкофонијата бил Samuel de Champlain.
ПРЕТХОДНИ САМИТИ
Постојаниот совет на франкофонијата се состои од амбасадори на земјите членки, и како министерска конференција, негова главна задача е планирање за наредниот самит и надгледување на одлуката на самитот за имплементација врз основа на ден зад денот.
Меѓународната агенција е главен оператор на културните, техничките, научните, економските и правните програми и одлуки на самитот. Седиштето на агенцијата е во Париз, а има и три ограноци во Либравил, Габон, Ломе, Того и Ханој, Виетнам.
Европа
СЕВЕРНА И ЈУЖНА АМЕРИКА
АФРИКА
АЗИЈА
ОКЕАНИЈА
Асоцијативни членки
Набљудувачи
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.