From Wikipedia, the free encyclopedia
Фернандо Хавиер Љоренте Торес (роден на 26 февруари 1985 година) — поранешен шпански фудбалер, напаѓач. Неговиот прекар е El Rey León (превод на мак. Кралот Лав).[1]
Фернандо Љоренте | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 26 февруари 1985 | ||
Роден во | Памплона, Шпанија | ||
Држава | Шпанија | ||
Висина | м | 1,95||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 16 февруари 2023 - (37 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Фунес | |||
Ривер Ебро | |||
Атлетик Билбао | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2003-2004 | Басконија | 33 | (12) |
2004-2005 | Билбао Атлетик | 16 | (4) |
2005-2013 | Атлетик Билбао | 265 | (85) |
2013-2015 | Јувентус | 66 | (23) |
2015-2016 | Севиља | 23 | (4) |
2016-2017 | Свонзи Сити | 33 | (15) |
2017-2019 | Тотенхем | 36 | (2) |
2019-2021 | Наполи | 20 | (3) |
2021 | Удинезе | 14 | (1) |
2021-2022 | Предлошка:Fb team Eibar | 19 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2003 | Шпанија 17 | 3 | (2) |
2005 | Шпанија 20 | 4 | (5) |
2005-2006 | Шпанија 21 | 9 | (5) |
2008-2013 | Шпанија | 24 | (7) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Љоренте ја започнал својата кариера во Атлетик Билбао, клуб до кои го изодел својот пат низ разни младински категории, за да стане еден од најважните офанзивни играчи за клубот во следната деценија. Тој го направил своето деби за првиот тим во 2005 година. Љоренте постигнал 29 гола за клубот во сите натпреварувања во сезоната 2011-12, и бил наречен "Билбао легенда".[2]
Љоренте е шпански репрезентативец од крајот на 2008 година, помагајќи му на својот репрезентацијата да победи на Светското првенство 2010. Тој, исто така, бил во репрезентацијата која победила и на Евро 2012.
Физички силен напаѓач, со добра техника и моќен и прецизен удар со глава благодарение на неговата висина (195 см)[3][4]
На возраст од 9 години Љоренте започнал да игра фудбал во младинските категории на слабо познатата екипа - Фунес, а следната година се преместил во екипата на Ривер Ебро, клубот од неговото родно место, Ринкон де Сото. Во 1996 година, на возраст од 11, тој се преселил во Атлетик Билбао, каде влегол во нивното училиште по фудбал во Лезама.
По 7 години во младинскиот тим на Атлетик во 2003 се преселил во Басконија, каде што играл во третата лига.[5] Во единствената сезона во клубот, Љоренте постигнал 12 гола во 33 изиграни натпревари, и така тој се вратил во Билбао за да игра во резервниот тим на Атлетик, Билбао Атлетик во Сегунда дивизион Б.[6] По 16 настапи со 4 постигнати голови за Билбао Атлетик во првиот дел од сезоната, Атлетик Билбао му го продолжил договорот до јуни 2008.[7]
На 16 јануари 2005, Љоренте го направил своето деби за првиот тим во натпревар од првенството против Еспањол (1-1).[8] Три дена подоцна, тој го постигнал првиот гол за Атлетик Билбао благодарение на хет-трик постигнат во натпревар од купот против Ланзароте (6-0)[9] и потоа бил користен во 14 од останатите 19 натпревари на клубот во првенството, како и уште во 3 други натпревари во купот и играл во Купот на УЕФА против Австрија Виена.
Сезоната 2005-2006 ја започнал постигнувајќи гол во првиот официјален натпревар на Атлетик Билбао против "лутите" баскиски соперници Реал Сосиедад.[10] Љоренте имал потешкотии да влезе во својата најдобра форма поради некои повреди, вклучувајќи повреда на коленото,[11] гастроентеритис[12] и мусклулен замор. Тоа се чини била главната причина поради која неговите голови биле во многу помал број отколку што навивачите на клубот очекувале од него. Сезоната ја завршил само со 4 постигнати голови, 2 во Примера и исто толку во купот.
На 13 јули 2006 Љоренте потпишал нов договор со Атлетик Билбао во трајност до јуни 2011 во кој била вметната клаузула помеѓу 30 и 50 милиони евра.[13] Сезоната 2006-2007 ја почнал како резерва на Ариц Адуриз, Хосеба Ечеберија и Исмаел Урзаиз, но малиот број на постигнати голови од споменатите напаѓачи на Атлетик значеше дека тренерот Сариугарте мора нешто да ротира, дозволувајќи му на Љоренте да се врати во игра и да одигра вкупно 23 натпревари во кои тој постигнал 2 гола.
Љоренте одиграл одлично во пред-сезонската кампања (лето 2007) во која постигнал 6 гола и оставил многу силен впечаток. Тоа подоцна ќе му помогне да во поголемиот дел од натпреварите тој биде носител на нападот на Атлетик Билбао во сезоната 2007-2008 сезона. Сезоната ја завршил со 12 постигнати голови (11 првенствени и еден во купот), а серијата ја отворил со два гола на гостувањето на Месталја против Валенсија во победата со 3-0 на 2 декември 2007.[14] Тоа се неговите последни голови во 2007 година, но и добра најава за почетокот на 2008 кога тој ќе експлодира. Љоренте постигнал уште 9 гола во вториот дел од сезоната, од кој за издвојување се повторно два против Валенсија во победата со 5-1, но сега во Билбао.[15] На крајот на сезоната Љоренте бил најдобар стрелец на Атлетик Билбао.
Следната сезона тој бил вклучени во игра во 43 наврати и постигнал 18 голови (14 во Ла Лига и 4 во Копа дел Реј), и е повторно најдобар клупски стрелец.
Љоренте продолжува да биде најдобар стрелец на Атлетик Билбао и во сезоните 2009-2010 и 2010-2011: во сезоната 2009-2010 со 23 постигнати голови во 51 натпревар од кои 14 во првенство еден во купот и 8 во Лига Европа (2 во квалификациите и 6 во регуларната фаза); во сезоната 2010-2011 со 19 постигнати голови во 41 натпревар, вклучувајќи 18 во првенство (што е негов личен рекорд) и еден во купот.
На 28 јануари 2012, Љоренте го постигнал првиот хет-трик во Примера помагајќи му на Атлетик да дојде до победа над Рајо Валјекано со 3-2 на гостински терен.[16] Три дена подоцна го одбележал 100-тиот гол за Атлетик Билбао благодарение на вториот од двата гола кој ги постигнал во текот на полуфиналето на купот против Мирандес во победата со 2-1.[17] Во наредните два натпревари, двата на домашен терен, тој додал уште три гола од кој еден против Еспањол во првенството и два во реваншот против Мирандес. Својата добра форма ја продолжил и во осминафиналето од Лига Европа каде Љоренте постигнал гол и во двата натпревари против Манчестер Јунајтед, помагајќи му на Атлетик да победи во двата натпревари и да помине понатаму со вкупен резултат 5-3.[18] Во следната фаза тој постигнал два гола и против Шалке во победата со 4-2 на патот на неговиот клуб сè до финалето. Таму Атлетик е поразен со убедливи 3-0 од Атлетико Мадрид во шпанското финале.[19] Љоренте постигнал 7 гола во Лига Европа и бил еден од најзаслужните за овој успех на клобот, а исто така бил најдобар клупски стрелец и во Примера со постигнати 16 гола.
Во август 2012 ја објавил својата намера дека нема да го обнови договорот со баскискиот тим, кој истекувал во јуни 2013.[20] Тоа било повод да биде бојкотиран од страна на некои навивачи[21] и често осуден да седи на клупата така што во сезоната 2012-2013, последна во дресот на Атлетик Билбао, тој постигнал само 5 гола во 36 натпревари во првенството и купот, играјќи главно како резерва на Адуриз.[22][23]
На 24 јануари 2013 екипата на Јувентус објави дека постигнале договор за доведување на Љоренте откако играчот ќе стане слободен, потпишувајќи договор во времетраење од четири години почнувајќи од 1 јули истата година.[24] Тој избрал да го носи дресот со број 14. за својата прва сезона во клубот (2013-2014).[25]
На 24 август 2013 тој го направил своето деби во италијанската лига, заменувајќи го Мирко Вучиниќ во последните минути од натпреварот против Сампдорија, кој завршил со победа на Јувентус 0-1.[26] На 22 септември, на првиот натпревар како стартер, тој го постигнал првиот гол за Јувентус реализирајќи го последниот гол во натпреварот за победа со 2-1 над Верона. Неговиот гол дошол во последните секунди од првото полувреме откако испратил прецизен удар со глава кој заврши во десната статива од каде топката се одби во мрежата на асистенција на Артуро Видал.[27] На 2 октомври, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите, заменувајќи го Леонардо Бонучи во натпреварот против Галатасарај. Во следната коло, кое се одигра на 23 октомври 2013 година, тој го постигнал својот прв гол во врвната европска клупска конкуренција против Реал Мадрид во натпреварот кој завршил 2-1 за шпанскиот тим.[28] Во меѓувреме, шпанскиот напаѓач исто така го надмина тешкиот почеток и започна да добива сè поголема минутажа во Серија А, па и да биде стартер во повеќето натпревари правејќи му друштво во нападот на Карлос Тевез. Против Удинезе на 1 декември, Љоренте постигнал еден од најважните голови за Јувентус во сезоната, носејќи им ја победата на бјанконерите во првата минута од судиското продолжение (1-0).[29] На 12 јануари 2014 бил двоен стрелец за Јувентус, во победата со 4-1 во гости против Каљари.[30] На 16 февруари, со погодокот против Кјево во победата со 3-1, достигнува до бројката од 10 постигнати гола.[31]
На 27 август 2015, како слободен играч потпишал договор со Севиља.
На 4 август 2016, Љоренте потпишал двегодишен договор со Свонзи Сити.[32][33] Своето деби во Премиер лигата го направил девет дена подоцна, играјќи ги сите 90 минути во победата со 1-0 на гости против Барнли.[34]
На 31 август 2017, Љоренте попишал двегодишен договор со Тотенхем Хотспар во трансфер вреден 12.1 милиони фунти.[35][36] Своето деби за клубот го имал на 13 септември, заменувајќи го Хари Кејн во последните минути од победата на домашен терен со 3–1 над Борусија Дортмунд во групната фаза од Лигата на шампионите.[37] Својот прв старт за Тотенхем го направил на 20 септември против Барнсли во Лига купот,[38] а потоа го започнал и натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите кој завршил 1–1.[39]
Својот прв погодок за Спарс го постигнал на 6 декември 2017, во победата со 3-0 над кипарскиот АПОЕЛ во Лигата на шампионите.[40] Својот прв гол во лигата за Тотенхем, Љоренте го постигнал во победата со 2–0 над неговиот поранешен клуб Свонзи Сити.[41]
Љоренте ја претставувал Шпанија на Светското првенство за играчи до 20 години 2005, каде со неговите пет гола бил сребрен на листата н стрелеците; еден гол повеќе од него имал Лионел Меси од Аргентина.[42] Тој исто така, има забележано настапи и во категориите под 18 и под 19 години.
На 14 ноември 2008 година, селекторот на сениорската репрезентација на Шпанија Висенте дел Боске го повикал Љоренте за пријателскиот натпревар против сениорската репрезентација на Чиле.[43] Тој се влегол како замена во 72-ата минута во победата со 3-0.[44] Тој го постигнал својот прв гол во победата со 2-0 во пријателски натпревар против Англија на 11 февруари 2009 година, влегувајќи претходно од клупата за да реализира во 64-тата минута.[45] После 14 постигнати гола за Атлетик во сезоната 2008-09, дел Боске го повикал Љоренте во неговиот список со 23 играчи за Купот на конфедерации 2009: тој бил искористен како замена во натпреварот против домаќинот Јужна Африка и постигнал гол во победата со 2-0.[46]
За време на сезоната 2009-10, Љоренте не одиграл ниту еден натпревар, бидејќи дел Боске му давал предност на Алваро Негредо. Тој, сепак, ќе биде избран за Светското првенство 2010, исто така во Јужна Африка, како трет избор напаѓач, каде што тој играл во еден натпревар за подонежните шампиони, појавувајќи се во последните 30 минути од победата со 1-0 против сениорската репрезентација на Португалија во осминафиналето.
На 8 октомври 2010 година, како корист од повредата на Фернандо Торес, Љоренте го започнал натпреварот од квалификациите за Евро 2012 против Литванија, во Саламанка. Со два гола со глава - неговиот најсилен адут - тој придонел за убедлива победа со 3-1. Четири дена подоцна, како замена, тој го постигнал победничкиот гол против Шкотска во успехот со 3-2 на Хемпден Парк. Тој беше избран и за финална фаза во Полска и Украина, но бил неискористен член на тимот на Шпанија кој освоил уште еден турнир.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шпанија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
19-11-2008 | Вилјареал | Шпанија | 3 – 0 | Чиле | Пријателска | - | ||
11-2-2009 | Севиља | Шпанија | 2 – 0 | Англија | Пријателска | 1 | ||
28-3-2009 | Мадрид | Шпанија | 1 – 0 | Турција | Пријателска | - | ||
20-6-2009 | Блумфонтејн | Шпанија | 2 – 0 | Јужна Африка | Куп на конф. 2009 - Прва фаза | 1 | ||
28-6-2009 | Рустенбург | Шпанија | 3 – 2 | Јужна Африка | Куп на конф. 2009 - за 3. место | - | ||
29-5-2010 | Инсбрук | Шпанија | 3 – 2 | Саудиска Арабија | Пријателска | - | ||
3-6-2010 | Инсбрук | Шпанија | 1 – 0 | Јужна Кореја | Пријателска | 1 | ||
29-6-2010 | Кејптаун | Шпанија | 1 – 0 | Португалија | СП 2010 - Осминафинале | - | ||
11-8-2010 | Мексико | Мексико | 1 – 1 | Шпанија | Пријателска | - | ||
7-9-2010 | Буенос Аирес | Аргентина | 4 – 1 | Шпанија | Пријателска | 1 | ||
8-10-2010 | Саламанка | Шпанија | 3 – 1 | Литванија | Квал. за Евро 2012 | 2 | ||
12-10-2010 | Глазгов | Шкотска | 2 – 3 | Шпанија | Квал. за Евро 2012 | 1 | ||
17-11-2010 | Лисабон | Португалија | 4 – 0 | Шпанија | Пријателска | - | ||
9-2-2011 | Мадрид | Шпанија | 1 – 0 | Колумбија | Пријателска | - | ||
29-3-2011 | Каунас | Литванија | 1 – 3 | Шпанија | Квал. за Евро 2012 | - | ||
7-6-2011 | Порто ла Круз | Венецуела | 0 – 3 | Шпанија | Пријателска | - | ||
10-8-2011 | Бари | Италија | 2 – 1 | Шпанија | Пријателска | - | ||
6-9-2011 | Логроњо | Шпанија | 6 – 0 | Лихтенштајн | Квал. за Евро 2012 | - | ||
11-10-2011 | Аликанте | Шпанија | 3 – 1 | Шкотска | Квал. за Евро 2012 | - | ||
29-2-2012 | Малага | Шпанија | 5 – 0 | Венецуела | Пријателска | - | ||
15-8-2012 | Бајамон | Порторико | 1 – 2 | Шпанија | Пријателска | - | ||
14-8-2013 | Гвајаквил | Еквадор | 0 – 2 | Шпанија | Пријателска | - | ||
16-11-2013 | Малабо | Екваторска Гвинеја | 1 – 2 | Шпанија | Пријателска | - | ||
19-11-2013 | Јохансбург | Јужна Африка | 1 – 0 | Шпанија | Пријателска | - | ||
Вкупно | Настапи | 24 | Голови | 7 |
Фернандо Љоренте има два хет-трика во својата кариера во периодот додека беше фудбалер на Атлетик Билбао; едниот е во Примера, а другиот во Купот на Шпанија.
19 јануари 2005 Копа дел Реј | Атлетик Билбао | 6 – 0 | Ланзароте | Сан Мамеш, Билбао |
---|---|---|---|---|
21:30 ЦЕВ |
Љоренте 24', 58', 65' Ечебeрија 38' Езкеро 75' Орбаиз 78' |
Извештај | Судија: ? |
28 јануари 2012 Примера дивизион | Рајо Валјекано | 2 – 3 | Атлетик Билбао | Кампо де футбол де Валјекас, Мадрид |
---|---|---|---|---|
18:00 ЦЕВ |
Мичу 11' Арибас 25' |
Извештај | 16', 23', 67' Љоренте | Судија: Хосе Луис Пардас Ромеро |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.