Remove ads
италијански фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Леонардо Бонучи (роден во Витербо, 1 мај 1987) — италијански фудбалер, играч од одбраната на Унион Берлин и на италијанската репрезентација.
Леонардо Бонучи | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 мај 1987 | ||
Роден во | Витербо, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,91||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Унион Берлин | ||
Број | 23 | ||
Младинска кариера | |||
Витербезе | |||
Интер | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005-2009 | Интер | 1 | (0) |
2006-2008 | → Тревизо | 40 | (4) |
2009 | → Пиза | 18 | (1) |
2009-2010 | Бари | 38 | (1) |
2010-2017 | Јувентус | 227 | (15) |
2017-2018 | Милан | 35 | (2) |
2018-2023 | Јувентус | 130 | (14) |
2023- | Унион Берлин | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2010- | Италија | 121 | (8) |
* Ажурирано на: 13 мај 2012 ** Ажурирано на: 1 јули 2012 |
Бонучи ја започнал својата кариера во младинските категории на тимот на Интер од каде се пробил до првиот тим. Сепак, тој одиграл само еден натпревар за Интер во Серија А против Каљари во сезоната 2004-05. Тој поминал периоди на заем во Тревизо и во Пиза по што се вратил во Интер во мај 2009 година. Но, во својот матичен клубот не останал за долго затоа што на 1 јули од страна на Интер било објавено дека тој заедно со Роберт Аквафреска, Франческо Болцони и Рикардо Mеџорини се продадени на Џенова како дел од трансферите на Тиаго Мота и Диего Милито во Интер.
Само што пристигнал во Џенова, веќе следниот ден (2 јули) Бонучи направил уште еден трансфер откако Џенова му продала половина од договорот на играчот на Бари како и правото да настапува за овој клуб во наредната сезона. Бонучи веднаш станал прв избор во центарот на одбраната на тренерот Џампјеро Вентура и оформил силно партнерство со Андреа Ранокија. Во еден момент од средината на сезоната Бари имал втора најдобра одбрана во лигата, а и завршувањето на сезоната во првиот дел од табелата исто така дошло пред сè благодарение на добрата игра во дефанзивен план.
На истиот ден кога Италијанската репрезентација била елиминирана од Светското првенство, Бари ги откупил преостанатите половина права на Бонучи од Џенова за € 8M. Потоа, Бари потпишал и со Серхио Бернардо Алмирон во ко-сопственост договор за 2,5 милиони €, кои веќе настапувал тука на позајмица од Јувентус во сезоната 2009-10. Џенова пак ги откупила преостанатите 50% од правата на Доменико Крисито од Јувентус за 6 милиони € следниот ден. Веднаш по овие трансфери Бонучи заминал во Торино на медицински прегледи, и замената во 3-насоки завршила на 1 јули, кога Бонучи го комплетирал својот трансфер во Јуве за сума од 15,5 милиони € (пари во готово плус замена на играчи) и потпишал 5-годишен договор.
Своето деби за „Старата дама“ Бонучи го имал токму против својот поранешен тим, Бари во порзот на неговиот тим нагости со 1-0. Бонучи бил стандарден во одбраната на Јувентус во текот на својата прва сезона, играјќи како партнер во центарот на одбраната со својот колега од репрезентацијата Џорџо Кјелини. Бонучи одиграл 34 од 38-те меча во Серија А и бил еден од најчесто користените играчи на тимот. Тој го постигна својот прв гол за Јувентус во Лига Европа плеј-оф мечот против Штурм Грац.
Својот прв гол во дресот на Јувентус во Серија А, Бонучи го постигна на 25 октомври 2011 кога неговиот тим ја победи дома екипата на Фиорентина со 2-1. Тој го постигна првиот гол во мечот во 13-тата минута. Истата сезона тој постигнал гол и во уште една победа на неговиот тим на гостувањето во Сицилија против Палермо и повторно го постигнал првиот погодок во мечот што завршил 2-0 за Јувентус.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.