Суперкупот на Италија за 2020 година (именуван како PS5 Суперкуп поради спонзорски причини[2]) било 33-тото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Натпреварот се одиграл на 20 јануари 2021 година на стадионот Мапеи во Реџо Емилија, пред празни трибини поради пандемијата на коронавирусот,[1] што било прв ваков случаи во историјата на ова натпреварување. Во ова издание играле победникот на Серија А 2019-2020 - Јувентус и победникот на Купот на Италија 2019-2020 - Наполи.

Матична статија: Суперкуп на Италија.

Кратки факти Првенство, Јувентус (Серија А) ...
Суперкуп на Италија 2020
ПрвенствоСуперкуп на Италија
Датум20 јануари 2021
СтадионМапеи, Реџо Емилија, Италија
Играч на
натпреварот
Португалија Кристијано Роналдо
(Јувентус)
СудијаПаоло Валери
Гледачи0[1]
2019
2021
Затвори

Јувентус победил со 2-0 со головите на Кристијано Роналдо и на Алваро Мората и ја освоил својата деветта титула во Суперкупот на Италија.[3][4]

Натпреварот

Преглед на натпреварот

Ова бил четвртиот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи во Суперкупот на Италија, а куриозитет е тоа што за Наполи ова било четвртото учество во ова натпреварување и во сите досегашни настапи како и во ова противник им бил Јувентус.[5] Во првиот натпревар одигран во 1990 година, Наполи славел убедлива победа со 5-1 на Сан Паоло. На вториот натпревар во Суперкупот помеѓу двете екипи се чекало цели 22 години, кога во 2012 во Пекинг Јувентус победил со 4-2 по продолженија, откако по 90 минути натпреварот завршил нерешено 2-2. Третиот натпревар се случил две години подоцна, во Суперкупот 2014 одигран во Доха, кога после уште еден нерешен резултат (2-2) Наполи го победил Јувентус со 6-5 по изведување на пенали и стигнал до својата втора титула во Суперкупот на Италија.

Натпреварот започнал мирно без поголеми возбудувања речиси во целото прво полувреме. Најдобрата шанса за гол во првото полувреме ја имале фудбалерите на Наполи во 29-мата минута кога на еден центаршут од левата страна со глава одлично шутирал Лосано, но неговиот удар со фантастичен рефлекс го запрел Шченсни.[6] Од другата страна, најдобрата можност за Јувентус во првото полувреме ја имал Кристијано Роналдо, но неговиот удар од далечина завршил малку над пречката.[6] Така, на пауза се отишло со почетниот резултат 0-0.[6]

Во второто полувреме Јувентус влегол многу поангажирано барајќи гол кој би им донел водство, а првата голема можност ја имале уште на самиот старт на вториот дел кога обидот на резервата Бернардески (кој влегол на полувремето на местото на Кјеза) бил сопрен на гол-линијата од голманот Оспина. Иницијативата на бјанконерите вродила со плод во 64-тата минута кога по еден корнер се створила голема мешаница во шеснаесеттникот на Наполи каде најдобро се снашол Роналдо кој искористил една лошо избиена топка и ја сместил во мрежата на Оспина за водство на Јувентус од 1-0.[6] Тој резултат се одржувал долго, а најдобрата шанса за израмнување Наполи ја имал во 80-тата минута: влезениот од клупата за резерви Мертенс во шеснаесеттникот успеал од зад грб да му ја украде топката на Мекени кој земал замав да ја избие топката, но наместо неа го погодил белгискиот напаѓач и по проверката со VAR, главниот судија Валери досудил пенал за Наполи. Пеналот го извел Инсиње, но неговиот удар завршил покрај голот на Јувентус и резултатот останал непроменет.[6] Во четвртата минута од судиското продолжение Наполи имал уште една можност за израмнување, но ударот на Лосано пак како и во првото полувреме бил одбранет од Шченсни.[6] Во последните секунди од натпреварот, Јувентус искористил една контра и по додавањето на Квадрадо, резервата Мората го постигнал вториот гол за торинезите со кој била запечатена победата.[6]

Детали од натпреварот

Повеќе информации Јувентус, 2–0 ...
20 јануари 2021 (2021-01-20)
21:00 СРЕ
Јувентус Јувентус 2–0 Наполи Наполи Мапеи, Реџо Емилија
Гледачи: 0[1]
Судија: Паоло Валери[7]
Роналдо гол 64'
Мората гол 90+5'
Извештај
Затвори
Thumb
Thumb
Thumb
Thumb
Јувентус
Thumb
Thumb
Thumb
Наполи
GK1Полска Војќех Шченсни
RB16Колумбија Хуан Квадрадо
CB19Италија Леонардо Бонучи
CB3Италија Џорџо Кјелини
LB13Бразил Данило
RM14САД Вестон Мекени
CM30Уругвај Родриго Бентанкурзаменет 83'
CM5Бразил Артур
LM22Италија Федерико Кјезазаменет 46'
CF44Шведска Дејан Кулушевскизаменет 83'
CF7Португалија Кристијано Роналдодобил жолт картон во 74-тата минута 74'
Клупа:
GK31Италија Карло Пинсољо
GK77Италија Џанлујџи Буфон
DF36Италија Алесандро Ди Пардо
DF37Романија Раду Драгушин
DF38Италија Џанлука Фработа
MF8Велс Арон Рамзи
MF25Франција Адријан Рабиовлегол во игра 83'
MF33Италија Федерико Бернардескивлегол во игра 46'
MF41Италија Николо Фаџоли
MF56Италија Филипо Ранокија
FW9Шпанија Алваро Моратавлегол во игра 83'
Тренер:
Италија Андреја Пирло
Thumb
GK25Колумбија Давид Оспина
RB22Италија Џовани Ди Лоренцо
CB44Грција Костас Манолас
CB26Сенегал Калиду Кулибали
LB6Португалија Марио Руизаменет 84'
CM4Германија Диего Демезаменет 84'
CM5Франција Тимуе Бакајокозаменет 67'
RW11Мексико Ирвинг Лосано
AM20Полска Пјотр Желињскидобил жолт картон во 89-тата минута 89'
LW24Италија Лоренцо Инсиње
CF37Италија Андреја Петањазаменет 72'
Клупа:
GK1Италија Алекс Мерет
GK16Италија Никита Контини
DF19Србија Никол Максимовиќ
DF23Албанија Елсеид Исај
DF31Алжир Фаузи Гулам
DF33Косово Амир Рахмани
MF7Македонија Елиф Елмасвлегол во игра 67'
MF68Словачка Станислав Лоботка
FW14Белгија Дрис Мертенсвлегол во игра 72'
FW18Шпанија Фернандо Љорентевлегол во игра 84'
FW21Италија Матео Политановлегол во игра 84'
FW58Италија Антонио Чофи
Тренер:
Италија Џенаро Гатузо

Играч на натпреварот:
Кристијано Роналдо (Јувентус)[8]

Помошни судии:[7]
Даниеле Биндони
Стефано Дел Џоване
Четврти судија:[7]
Маурицио Маријани
Video assistant referee:[7]
Марко Ди Бело
Помошен video assistant referee:[7]
Џакомо Паганези

Правила на натпреварот

  • 90 минути.
  • 30 минути продолженија ако е потребно.
  • Изведување пенали ако резултатот е нерешен.
  • Најмногу дванаесет замени се дозволени, од кој пет можат да бидат искористени.[9]

Екипа победник

Thumb
Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 2020
9. титула

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.