Родриго Бентанкур

From Wikipedia, the free encyclopedia

Родриго Бентанкур

Родриго Бентанкур (роден на 25 јуни 1997, во Нуева Елвесија) — уругвајски фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем и на уругвајската репрезентација.

Кратки факти Родриго Бентанкур, Лични податоци ...
Родриго Бентанкур
Thumb
Лични податоци
Полно име Родриго Бентанкур Колман
Роден на 5 јуни 1997(1997-06-05)(27 г.)
Роден во Нуева Елвесија, Уругвај
Држава Уругвај
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 30
Младинска кариера
Бока Хуниорс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2017 Бока Хуниорс 51 (1)
2017-2022 Јувентус 133 (2)
2022- Тотенхем Тотенхем 73 (8)
Репрезентација
2017 Уругвај 20 14 (1)
2017- Уругвај 67 (3)
Затвори

Биографија

Роден и израснат во Нуева Елвесија, департманот Колонија, Бентанкур ја изгубил својата мајка кога имал само 4 години. Изборот на дресот со број 30 е почит за неа, сеќавајќи се на нејзиниот роденден.

Тој бил фудбалски навивач уште од детството, а го израснал неговиот татко и неговата нова партнерка. Во семејството го добил прекарот Лоло,[1] додека италијанските весници го идентификувале како Принчипе (превод на мак. Принц),[2] веројатно сметајќи го за наследник на Клаудио Маркизио, познат по прекарот Ил Принчипино (превод на мак. Малиот Принц), во средниот ред на Јувентус.

Технички одлики

Како внатрешен играч од средниот ред, Бентанкур може да се прилагоди и да ги игра сите улоги во средниот ред, од позицијата со дефанзивни задачи до офанзивен играч од средниот ред, како и мецала, позицијата на која најдобро се снаоѓа.[3][4][5] Многу технички играч,[4] амбидекстер,[3][4] и многу силен физички играч од средниот ред,[3][4][5] добар во вметнувања и со делотворен дриблинг.[3] Може да се користи и во одбранбената фаза, способен е да притиска и да ги сече додавањата на противниците, но често неговата импулсивност го наведува да прави прекршоци и добива голем број на картони.[5]

Клупска кариера

Бока Хуниорс

Thumb
Бентанкур во Бока Хуниорс

Како дете почнал да игра во клубот Артесано во Нуева Елвесија, но на 9 години татко му го одвел него и неговиот брат на проби во Пењарол, за потоа тој да се приклучи на младинската академија на овој уругвајскиот клуб.[3][6] Таму ќе остане три години, пред да се пресели во Аргентина во Бока Хуниорс.

Своето деби како професионалец го направил на 9 април 2015 година, во натпреварот од Копа Либертадорес против Вондерерс Монтевидео влегувајќи во игра во 69-тата минута во победата со 3-0, по што уследило и неговото деби во првенството на 12 април 2017 во натпреварот против Нуева Чикаго кој завршил 0-0, влегувајќи на местото на Пабло Перес во 77-мата минута.[7]

Во текот на летото на 2015 година, Бентанкур бил вклучен во договорот со кој бил извршен трансферот на Карлос Тевес од Јувентус во Бока Хуниорс; како дел од овој договор, екипата на Јувентус се здобила со право да одлучува за купување на Бентанкур, што можело да се оствари до 20 април 2017 година за износ од 9,4 милиони евра.[8]

На крајот на 2015 година, тој бил избран од аргентинскиот весник Clarín за играч откровение на годината.[4]

Јувентус

Откако спортскиот директор на Јувентус, Џузепе Марота, потврдил дека Јувентус ќе го искористи своето право за купување на Бентанкур,[9] на 3 април 2017 тој стигнал во Торино и ги завршил медицинските тестови истиот ден, по што потпишал петгодишен договор со Јувентус во трајност од 1 јули 2017, до 30 јуни 2022.

Своето деби за Јувентус го направил на 26 август 2017, влегувајќи како замена во победата со 4-2 на гости против Џенова во Серија А. Под водството на тренерот Масимилијано Алегри, својата прва сезона во Јувентус ја завршил со 27 настапи во сите натпреварувања, освојувајќи ги своето прво скудето и првиот Куп на Италија во кариерата.

Thumb
Бентанкур со Јувентус во 2019.

На 6 октомври 2018, Бентанкур го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус во победата со 2-0 на гостувањето кај Удинезе во Серија А.[10][11] Својот втор гол го постигнал на 1 декември, во победата со 3-0 над Фјорентина во Фиренца, исто така во Серија А. Во јануари 2019, го освоил својот прв Суперкуп на Италија играјќи 86 минути во победата со 1-0 над Милан, а на крајот од сезоната го освоил своето второ скудето со бјанконерите.

На 22 јуни 2019, Бентанкур го продолжил договорот со Јувентус до 2024 година.[12] На 26 јули 2020, сега со нов тренер Маурицио Сари, Бентанкур го освоил своето трето скудето во кариерата со Јувентус. Сезоната 2019-2020 ја завршил со 43 настапи и еден гол, кој го постигнал во четвртфиналето на Купот на Италија против Рома во победата со 3-1.[13]

Во сезоната 2020-2021, Бентанкур му помогнал на својот клуб да освои два нови трофеи: Суперкупот на Италија 2020 и Купот на Италија.

Вкупно за Јувентус одиграл 181 натпревар и постигнал 3 гола, освојувајќи седум трофеи за четири и пол години во кои го носел дресот на Старата дама.

Тотенхем

На 31 јануари 2022, Бентанкур потпишал три и пол годишен договор со Тотенхем, во трансфер вреден 19 милиони евра (потенцијално може да се искачи до 25 милиони евра во зависност од одредени бонуси).[14][15] Своето деби за Спарс го направил на 5 февруари 2022, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Хари Винкс во победата со 3-1 на домашен терен над Брајтон во четвртата рунда на ФА купот.[16] Четири дена подоцна, повторно влегувајќи од клупата дебитирал во Премиер лигата, заменувајќи го Пјер-Емил Хојбјерг во поразот на домашен терен од Саутхемптон со 2-3.[17]

Thumb
Бентанкур играјќи за Тотенхем во 2022 година.

На 18 септември 2022 година, Бентанкур го постигнал својот прв гол за Тотенхем во победата со 6-2 на домашен терен над Лестер Сити во Премиер лигата.[18] На 26 октомври, тој го спасил Тотенхем од пораз во ремито 1-1 против Спортинг Лисабон со погодок во 80-тата минута, што бил негов прв во кариерата во Лигата на шампионите. Тој ја продолжил својата голгетерска форма три дена подоцна во првенствотото против Борнмут, кога влегувајќи од клупата успеал да го постигне победничкиот гол во судиското надополнување, завршувајќи го камбекот на Спарс од негатива 0-2 до победа 3-2.[19] Две недели подоцна, тој постигнал два гола на еден натпревар, во првенствената победа со 4-3 над Лидс Јунајтед.[20] На 11 февруари 2023 година, Бентанкур доживеал повреда на предните вкрстени лигаменти за време на натпреварот против Лестер Сити, која го оддалечила од терените до крајот на сезоната.[21]

Бентанкур го направил своето враќање на терените на 27 октомври 2023, влегувајќи како замена од клупата за резерви во гостинската победа над Кристал Палас (1-2). На 5 јануари 2024 година, во победата со 1-0 над Барнли во ФА Купот, Бентанкур ја носел капитенската лента на Спарс во отсуство на стандарните капитени Сон Хеунг-мин, Џејмс Мадисон и Кристијан Ромеро.[22] Менаџерот Анге Постекоглу во врска со тоа изјавил дека „капитенската лента ќе биде некој вид на награда за него, за тешките 8 месеци што ги минал во периодот додека бил поврден“.[22] Својот прв гол по враќањето од повредата го постигнал девет дена подоцна, во ремито 2-2 во првенството против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.[23]

На 18 ноември 2024 година, тој бил казнет со суспензија од седум натпревари и парична казна од 100.000 фунти за расистичка шега на сметка на соиграчот Сон Хеунг-мин за време на интервју за уругвајска телевизија во јуни 2024 година.[24] По изјавата двајцата фудбалери јавно објавиле дека ги расчистиле сметките меѓу нив.[24] На 8 јануари 2025, за време на првиот полуфинален натпревар од Лига купот против Ливерпул добиен со 1-0, Бентанкур колабирал на теренот по еден обид да ја удри топката со глава по што бил изнесен од теренот со помош на лекарските екипи и заменет од Бренан Џонсон по само 15 минути игра.[25] Сепак, следното утро тој самиот се огласил по социјалните мрежи и објавил дека се е во ред со него и дека се чувствува добро.[25][26]

Репрезентативна кариера

Бентанкур бил дел од репрезентацијата на Уругвај под 20 години која настапила на Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години 2017 во Еквадор. Тој постигнал еден гол на првенството во победата со 3-0 над Боливија во првата фаза од турнирот.[27] Уругвајците на крајот го освоиле првенството, а Бентанкур придонел за тоа со 8 настапи и 1 гол. Неколку месеци подоцна, тој настапил и на Светското првенство под 20 години, каде Уругвај го освоил четвртото место.

Во септември 2017 година, тој го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Уругвај од селекторот Оскар Табарес, за октомвриските квалификациски натпревари за Светското првенство 2018, против Венецуела и Боливија.[28] Дебитирал на 5 октомври, на возраст од 20 години, во натпреварот против Венецуела во Сан Кристобал, заменувајќи го Кристијан Родригес во 65-тата минута од натпреварот.[29]

Во мај 2018, Бентанкур се нашол на списокот на играчи на селекторот Оскар Табарес за Светското првенство 2018 во Русија. Тој ги одиграл сите натпревари на својата репрезентација во групната фаза во која Уругвај остварил три победи и со максимален број на бодови се квалификувал за осминафиналето. Во осминафиналето против Португалија во победата со 2-1, Бентанкур му асистирал на Единсон Кавани за победничкиот погодок на Селесте.[30] Уругвај бил елиминиран од турнирот по поразот со 2-0 од подоцнежниот шампион Франција во четвртфиналето на 6 јули.[31]

Следното лето, Табарес го повикал Бентанкур на Копа Америка 2019 во Бразил.[32] Таму Уругвај бил елиминиран во четвртфиналето од Перу на 29 јуни, по изведување на пенали откако натпреварот завршил 0–0; покрај тоа што Бентанкур бил еден од прецизните изведувачи за својата репрезентација Уругвај загубил со 4–5 на пенали.[33]

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Уругвај, Дата ...
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Уругвај
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
5-10-2017Сан КристобалВенецуела Венецуела0 – 0Уругвај УругвајКвал. за СП 2018-влегол во игра 65'дет.
10-10-2017МонтевидеоУругвај Уругвај4 – 2Боливија БоливијаКвал. за СП 2018-дет.
10-11-2017ВаршаваПолска Полска0 – 0Уругвај УругвајПријателска-
14-11-2017ВиенаАвстрија Австрија2 – 1Уругвај УругвајПријателска-
23-3-2018НанингУругвај Уругвај2 – 0Чешка ЧешкаПријателска-заменет 82'
26-3-2018НанингВелс Велс0 – 1Уругвај УругвајПријателска-заменет 78'
8-6-2018МонетевидеоУругвај Уругвај3 – 0Узбекистан УзбекистанПријателска-
15-06-2018ЕкатеринбургЕгипет Египет0 – 1Уругвај УругвајСП 2018 - Прва фаза-дет.
20-6-2018РостовУругвај Уругвај1 – 0Саудиска Арабија Саудиска АрабијаСП 2018 - Прва фаза-дет.
25-6-2018СамараУругвај Уругвај3 – 0Русија РусијаСП 2018 - Прва фаза-добил жолт картон во 59-тата минута 59' заменет 63'дет.
30-6-2018СочиУругвај Уругвај2 – 1Португалија ПортугалијаСП 2018 - Осминафинале-заменет 63'дет.
6-7-2018Нижни НовгородУругвај Уругвај0 – 2Франција ФранцијаСП 2018 - Четвртфинале-добил жолт картон во 38-мата минута 38' заменет 59'дет.
7-9-2018Лос АнџелесМексико Мексико1 – 4Уругвај УругвајПријателска-добил жолт картон во 38-мата минута 38' заменет 74'
12-10-2018СеулЈужна Кореја Јужна Кореја2 – 1Уругвај УругвајПријателска-добил жолт картон во 75-тата минута 75'
16-10-2018СаитамаЈапонија Јапонија4 – 3Уругвај УругвајПријателска-заменет 46'
16-11-2018ЛондонБразил Бразил1 – 0Уругвај УругвајПријателска-
20-11-2018Сен ДениФранција Франција1 – 0Уругвај УругвајПријателска-добил жолт картон во 79-тата минута 79'
22-3-2019НанингУругвај Уругвај3 – 0Узбекистан УзбекистанПријателска-заменет 70'
7-6-2019МонтевидеоУругвај Уругвај3 – 0Панама ПанамаПријателска-заменет 56'
16-6-2019Бело ХоризонтеУругвај Уругвај4 – 0Еквадор ЕквадорКопа Америка 2019 - Прва фаза-дет.
20-6-2019Порто АлегреУругвај Уругвај2 – 2Јапонија ЈапонијаКопа Америка 2019 - Прва фаза-дет.
24-6-2019Рио де ЖанеироЧиле Чиле0 – 1Уругвај УругвајКопа Америка 2019 - Прва фаза-дет.
29-6-2019СалвадорУругвај Уругвај0 – 0
(4 – 5 пен.)
Перу ПеруКопа Америка 2019 - Четвртфинале-дет.
7-9-2019Сан ХосеКостарика Костарика1 – 2Уругвај УругвајПријателска-заменет 75'
10-9-2019Сент ЛуисСАД САД1 – 1Уругвај УругвајПријателска-заменет 83'
12-10-2019МонтевидеоУругвај Уругвај1 – 0Перу ПеруПријателска-влегол во игра 67' добил жолт картон во 87-мата минута 87'
15-10-2019ЛимаПеру Перу1 – 1Уругвај УругвајПријателска-заменет 46'
15-11-2019БудимпештаУнгарија Унгарија1 – 2Уругвај УругвајПријателска-заменет 53'
18-11-2019Тел АвивАргентина Аргентина2 – 2Уругвај УругвајПријателска-влегол во игра 75'
Вкупно Настапи 29 Голови 0
Затвори

Статистика

Статистиката е ажурирана на 23 јануари 2022.

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015Аргентина Бока ХуниорсПД180КА60КЛ10---250
2016ПД111КА00КЛ50СА00161
2016-2017ПД220КА30------250
Вкупно Бока Хуниорс5119060--661
2017-2018Италија ЈувентусА200КИ20ЛШ50СИ00270
2018-2019А312КИ10ЛШ70СИ10402
2019-2020А300КИ51ЛШ70СИ10431
2020-2021А330КИ40ЛШ70СИ10450
2021-јан. 2022А190КИ10ЛШ50СИ10260
Вкупно Јувентус1332131310401813
јан.-јун. 2022Англија ТотенхемПЛ170ФАКуп+ЛК1+00ЛК-----180
2022-2023ПЛ185ФАКуп+ЛК1+10+0ЛШ61---266
2023-2024ПЛ231ФА Куп+ЛК2+00+0------251
2024-2025ПЛ122ФА Куп+ЛК0+30+0ЛЕ50---202
Вкупно Тотенхем70880111--899
Вкупно во кариерата22592614314029811
Затвори

Титули

Клупски

Аргентина Бока Хуниорс

2015
  • Куп на Аргентина : 1
2014-2015

Италија Јувентус

2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
2017-2018, 2020-2021
2018, 2020

Репрезентативни

Уругвај Уругвај под 20 години
  • Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години : 1
Еквадор 2017

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.