From Wikipedia, the free encyclopedia
Карлос Алберто Тевес (шпан. Carlos Alberto Tévez, роден на 5 февруари 1984 во Буенос Аирес, Аргентина) — аргентински фудбалер, напаѓач на Бока Хуниорс и на аргентинската репрезентација. Неговата примарна позицијата е класичен напаѓач, но исто така во периодот додека играл за Манчестер Сити, бил користен на позицијата зад напаѓач во 4-2-3-1 формацијата на Роберто Манчини.
Карлос Тевес | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 5 февруари 1984 | ||
Роден во | Буенос Аирес, Аргентина | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бока Хуниорс | ||
Број | 10 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2001-2004 | Бока Хуниорс | 75 | (26) |
2004-2006 | Коринтијанс | 65 | (23) |
2006-2007 | Вест Хем Јунајтед | 26 | (7) |
2007-2009 | Манчестер Јунајтед | 63 | (19) |
2009-2013 | Манчестер Сити | 107 | (58) |
2013-2015 | Јувентус | 66 | (39) |
2015- | Бока Хуниорс | 23 | (9) |
Репрезентација ‡ | |||
2004- | Аргентина | 62 | (13) |
* Ажурирано на: 25 април 2012 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Марадона го нарекол Тевес аргентински пророк на 21-от век[1].
Тевес е роден во Сиудадела, град во покраината Буенос Аирес како Карлос Алберто Мартинес. Својте фудбалски почетоци ги направил во клубот Ол Бојс, а потоа преминал во Боку Хуниорс. За време на ова два клуба околу него, го променил своето презиме во девојачкото презиме на својата мајка. Како дете случајно си истурил вриена вода по телото од која се здобил со изгореници од трет степен и останал во болница два месеци.[2] Како последица од тоа му останале раните од десното уво до градите. Додека играл за Бока Хуниорс, управата на клубот му понудила да му плати операција, но тој го одбил тоа со образложение дека лузните се дел од неговото минато.[3] Со Бока Хуниорс ги освоил Апертура 2003, Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп истата године, како и Копа Судамерикана 2004 година.
Во јануари 2005, Тевес ја напуштил Бока и потпишал за Коринтијанс за сума од 15 милиони евра, како дел од договорот кој го постигнал бразилскиот клуб со агенцијата Медија спортс инвестментс, која ги поседувала правата на Тевес.[4] Неговиот трансфер бил најскапо платен во јужноамериканскиот фудбал. Бил прогласен за најдобар играч на првенството, а истотка тоа било првпат после 1976 година ова признание да го добие еден странски фудбалер.
На 31 август 2006 година, Тевес се преселил во Вест Хем Јунајтед кој објавил дека постигнал договор со агенцијата Медија спортс инвестментс за откуп на Тевес и Хавиер Маскерано, за надомест од 12 милиони £ за секој од нив посебно.[5] Во својата единствена сезона со чеканите, постигнал 7 гола на 26 настапи, вклучувајќи го и оној во последното коло од првенството, за победа од 1-0 над Манчестер Јунајтед, со кој помогнал на Вест Хем да избегне испаѓање.
Во летниот преоден рок 2007 година, Тевес му се приклучил на Манчестер Јунајтед, но Вест Хем и понатаму ги задржал правата врз играчот.[6] Играјќи за Манчестер Јунајтед, Тевез успеал да освои две титули во Премиер лигата, еден Лига куп, еден Комјунити Шилд, како и по еден наслов во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Откако му истекла позајмицата од осумнаесет месеци, Манчестер Јунајтед сакал да го откупи неговиот договор. Тие постигнале договор со неговата агенција, но Тевез бил незадоволен со минутажата одбил да го потпише понудениот петогодишен договор. Медиумите го најавиле неговиот трансфер во Ливерпул, но наместо нив Тевес го избрал Манчестер Сити и со тоа станал првиот играч кој преминал од едниот во другиот манчестерски клуб по Тери Кук во 1999.
На 26 јуни 2013, Тевес го напуштил Манчестер Сити по 4 сезони поминати во клубот и се преселил во Италија, потпишувајќи за тамошниот шампион Јувентус.[7] Во својата прва сезона бил најдобар стрелец на клубот со 19 постигнати гола во Серија А, помагајќи му на Јувентус да го освои Скудетото.[8] Исто така постигнал еден гол во победата со 4-0 над Лацио во Суперкупот.[9]
Следната сезона Тевес одново бил ударната игра во нападот на екипата на Јувентус постигнувајќи 29 гола во сите натпреварувања. На крајот на сезоната со клубот освоил домашен дабл, и играл во финалето на Лигата на шампионите каде биле поразен од Барселона со 3-1.
По речиси една деценија играње во Европа, во јули 2015 Тевес се вратил во Аргентина во екипата на Бока Хуниорс, за сума од 6,5 милиони евра но во размена на играчи.[10][11]
Тевес со репрезентацијата на Аргентина учествувал на Светското првенство за играчи под 17 години. На Летните олимписки игри 2004 бил најдобар стрелец на тимот кој го освоил златниот медал; Тевес постигнал осум гола во шест натпревари на турнирот, вклучувајќи го и победоносниот погодок во финалето.
За сениорската репрезентација играл на Светското првенство 2006 и постигнал еден гол против Србија и Црна гора (6-0) во групната фаза. Учествувал и на Светското првенство 2010 и постигнал два гола против Мексико во осминафиналето, помагајќи и на својата репрезентација да победи со 3-1 и да се пласира во четвртфиналето.
На Копа Америка 2011, Тевес бил единствениот играч од двете страни кој промашил во пенал-серијата во четврт-финалето против Уругвај, што резултирало со елиминација на Аргентина.[12] По назначувањето на Алехандро Сабелја за селектор во јули 2011 година, Тевез не бил повикан во репрезентацијата на Аргентина цели три години, пропуштајќи го и Светско првенство во 2014 на кое неговите сонародници биле вицешампиони.[13]
Сепак, по заминувањето на Сабелја од клупата на Аргентина, новиот селектор Херардо Мартино го повикал одново Тевес за пријателските натпревари во ноември 2014. Тевес бил повикан и на Копа Америка 2015 во Чиле, каде за разлика од пред четири години кога во четврт-финалето на турнирот бил трагичар сега го постигнал победничкиот погодок во пенал-серијата против Колумбија (5-4 за Аргентина) со кој и донел пласман на својата селекција во полуфиналето. Аргентина стигнала до финалето каде биле поразени од домаќинот Чиле на пенали со 4-1.[14]
Статистиката е ажурирана на 24 октомври 2016.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2001-2002 | Бока Хуниорс | ПД | 11 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 11 | 1 |
2002-2003 | ПД | 32 | 11 | - | - | - | КЛ | 3 | 1 | - | - | - | 35 | 12 | |
2003-2004 | ПД | 23 | 12 | - | - | - | КЛ | 12 | 5 | ИнтК | 1 | 0 | 36 | 17 | |
2004-2005 | ПД | 9 | 2 | - | - | - | КЛ+КС | 10+9 | 3+3 | - | - | - | 28 | 8 | |
2005 | Коринтијанс | А1/SP+А | 13+29 | 7+20 | КБ | 6 | 4 | КС | 4 | 0 | - | - | - | 52 | 31 |
2006 | A1/SP+А | 7+9 | 6+5 | - | - | - | КЛ | 8 | 4 | - | - | - | 24 | 15 | |
Вкупно Коринтијанс | 20+38 | 13+25 | 6 | 4 | 12 | 4 | - | - | 76 | 46 | |||||
2006-2007 | Вест Хем Јунајтед | ПЛ | 26 | 7 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | КУ | 2[15] | 0 | - | - | - | 29 | 7 |
2007-2008 | Манчестер Јуанјтед | ПЛ | 34 | 14 | ФАКуп+ЛК | 2+0 | 1 | ЛШ | 12 | 4 | - | - | - | 48 | 19 |
2008-2009 | ПЛ | 29 | 5 | ФАКуп+ЛК | 3+6 | 2+6 | ЛШ | 9 | 2 | КШ+СУ+Скп | 1+1+2 | 0 | 51 | 15 | |
Вкупно Манчестер Јунајтед | 63 | 19 | 11 | 9 | 21 | 6 | 4 | 0 | 99 | 34 | |||||
2009-2010 | Манчестер Сити | ПЛ | 35 | 23 | ФАКуп+ЛК | 1+6 | 0+6 | - | - | - | - | - | - | 42 | 29 |
2010-2011 | ПЛ | 31 | 20 | ФАКуп+ЛК | 6+0 | 3 | ЛЕ | 7[16] | 0 | - | - | - | 44 | 23 | |
2011-2012 | ПЛ | 13 | 4 | ФАКуп+ЛК | 0+1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 1+0 | 0 | КШ | 0 | 0 | 15 | 4 | |
2012-2013 | ПЛ | 34 | 11 | ФАКуп+ЛК | 6+1 | 5+0 | ЛШ | 5 | 0 | КШ | 1 | 1 | 47 | 17 | |
Вкупно Манчестер Сити | 113 | 58 | 21 | 14 | 13 | 0 | 1 | 1 | 148 | 73 | |||||
2013-2014 | Јувентус | А | 34 | 19 | КИ | 1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 6+6 | 0+1 | СИ | 1 | 1 | 48 | 21 |
2014-2015 | А | 32 | 20 | КИ | 2 | 0 | ЛШ | 13 | 7 | СИ | 1 | 2 | 48 | 29 | |
Вкупно Јувентус | 66 | 39 | 3 | 0 | 25 | 8 | 2 | 3 | 96 | 50 | |||||
2015 | Бока Хуниорс | ПД | 12 | 5 | КА | 5 | 4 | - | - | - | - | - | - | 17 | 9 |
2016 | ПД | 11 | 4 | КА | 0 | 0 | КЛ | 8 | 5 | СА | 1 | 0 | 20 | 9 | |
Вкупно Бока Хуниорс | 98 | 35 | 5 | 4 | 42 | 17 | 2 | 0 | 147 | 56 | |||||
Вкупно во кариерата | 398 | 189 | 46 | 31 | 113 | 35 | 9 | 4 | 566 | 259 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.