From Wikipedia, the free encyclopedia
Супекуп на УЕФА (исто така наречен Суперкуп на Европа) е годишен фудбалски натпревар помеѓу шампионите на двете клупски натпреварувања организирани од раководното тело на Европскиот фудбал, УЕФА: УЕФА Лигата на шампионите и УЕФА Лига Европа. Натпреварот се одржува при почетокот на натпреварувачката сезона, во август, најчесто во петок.
Регион | Европа (УЕФА) |
---|---|
Основана | 1972 (официјално од 1973) |
Број на клубови | 2 |
Тековен првак | Реал Мадрид (6. титула) (2024) |
Најмногу титули | Реал Мадрид (6. титули) |
Мрежно место | Официјална страна |
Трофеј | |
Суперкуп на УЕФА 2024 |
Од 1972 до 1999, Суперкупот на УЕФА се играл помеѓу победникот во Купот на шампиони/УЕФА Лига на шампионите и победникот во Купот на победниците на куповите. По укинувањето на Купот на победниците на куповите, Суперкупот на УЕФА се игра помеѓу победникот во УЕФА Лигата на шампионите и победникот во Купот н УЕФА, кој подоцна бил преименуван во УЕФА Лига Европа во 2009.
Моментален шампион е шпанскиот клуб Реал Мадрид кој ја победил Аталанта со 2–0 во Суперкупот на УЕФА 2024. Со ова, кралевите станале најуспешниот клуб во натпреварувањето, оставајќи зад себе Барселона и Милан со по пет титули.
Суперкупот на Европа бил создаден во 1971 од Антон Виткамп, новинар а потоа и спортски директор на холандскиот весник De Telegraaf. Идејата му дошла во времето кога холандскиот фудбал бил најдобар во Европа и кога холандските клубови ги живееле нивните златни ери (особено Ајакс). Виткамп бил во потрага по нешто ново за конечно да се реши кој е најдобар клуб во Европа и исто така да го тестира тимот на Ајакс, предводен од суперѕвездата Јохан Кројф. Потоа било предложено победникот од Купот на шампиони да се соочи со победникот од Купот на победниците на куповите.
Се било подготвено за создавање на ново натпреварување. Сепак, кога Виткамп се обидел да добие официјална поддршка за натпреварувањето, претседателот на УЕФА го одбил предлогот.
Финалето на Суперкупот 1972 помеѓу холандскиот тим Ајакс и шкотскиот Глазгов Ренџерс се смета за неофицијално од страна на УЕФА,[1] откако Глазгов Ренџерс бил казнет од европските натпреварувања поради неспортското однесување на навивачите на Ренџерс за време на финалето на Купот на Победниците на Куповите во 1972. Како резултат на тоа, УЕФА одбила да го признае натпреварувањето до следната сезона.[2] Финалето се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен и било финансиски поддржано од страна на холандскиот весник De Telegraaf. Ајакс го поразил Ренџерс со вкупен резултат од 6–3 и го освоил првиот (иако неофицијален) Суперкуп на Европа.
Финалето на Суперкупот 1973, во кое Ајакс го поразил Милан со вкупен резултат од 6–1, било официјално признаено и поддржано од УЕФА.
Иако форматот од два натпревари бил задржан сè до 1997, Суперкупот се одиграл во еден натпревар поради проблеми со распоредот или политички проблеми во 1984, 1986, и 1991. Во 1974, 1981 и 1985, Суперкупот воопшто не се одиграл.[3]
Во сезоната 1992-93, Купот на шампионите бил преименуван во Лига на шампиони, а победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците од Купот на победниците на куповите во Суперкупот на УЕФА.
Во сезоната 1994–95, Купот на победниците на куповите бил преименуван во УЕФА Куп на победниците на куповите.
По сезоната 1998–99, Купот на победниците на куповите бил укинат од страна на УЕФА. Лацио, последниот победник на ова натпреварување во сезоната 1998–1999, го победил Манчестер Јунајтед, победникот во сезоната 1998-1999 од Лигата на шампионите со 1–0 и со тоа станал последниот победник на КПК кој го освоил Суперкупот на УЕФА.
Од тогаш, Суперкупот на УЕФА се одржува помеѓу победниците во Лигата на Шампионите и победниците во Купот на УЕФА. Во првиот суперкуп помеѓу победниците на овие две натпреварувања, Галатасарај, победникот во Купот на УЕФА за сезоната 1999-2000, го поразил Реал Мадрид, победникот во Лигата на шампионите за истата сезона со 2–1.
Во сезоната 2009–2010, Купот на УЕФА бил преименуван во УЕФА Лига Европа и победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците на Лигата на шампионите во Суперкупот на УЕФА.
По петнаесет последователни Суперкупови на стадионот Луис Втори во Монако меѓу 1998 и 2012, од 2013 година Суперкупот на УЕФА ќе се одигрува на различни стадиони (слично како финалните натпревари во Лигата на шампионите и Лига Европа). Суперкупот на УЕФА 2013 се одигра на Еден Арената во Прага, Чешка.[4]
Натпреварувањето првично се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен, освен во посебни случаи; како на пример во 1991 кога на Црвена Ѕвезда не и било дозволено својот натпревар на домашен терен да го одигра во Југославија поради граѓанската војна која се случувала во тоа време. Меѓу 1998 и 2012, финалето се играло во еден натпревар, одигран на стадионот Луј Втори во Монако.[5] Од 2013 па натака, различни стадиони ќе бидат домаќини на Супер Купот. Ова се наредните домаќини на УЕФА Супер Купот:
Оригиналниот трофеј од Суперкупот на УЕФА го задржува УЕФА. На победничкиот тим му се доделува копија од трофејот во иста големина. Триесет златни медали му се доделуваат на победничкиот тим и триесет сребрени медали на поразениот во финалето.[13]
Во својата историја трофејот во Суперкупот на УЕФА претрпел неколку измени. Првиот трофеј кој бил презентиран на Ајакс во 1973 и 1974 бил екстремно голем; фактички, бил поголем од трофејот во Европскиот Куп. Овој трофеј бил заменет со плакета со златен УЕФА амблем. Следниот трофеј бил најмал и најсветол од сите останати трофеи, тежејќи 5 кг со обем од 42.5 см во висина. Новиот модел тежи 12.2 кг со обем од 58 см во висина.[14]
Тимот кој ќе го освои Суперкупот на УЕФА трипати последователно или вкупно пет пати, добива оригинална копија од трофејот и посебен белег на препознавање. Само Барселона и Милан го постигнале овој успех досега, освојувајќи го купот вкупно пет пати, од кои сите пет пати како победник во Лигата на Шампионите.[15]
Моментално, правилата во Суперкупот на УЕФА се исти како и кај другите УЕФА клупски натпреварувања. Финалето се состои од еден натпревар кој се игра на неутрален стадион. Натпреварот се состои од две полувремиња од по 45 минути. Доколку резултатот е изедначен по крајот на 90-та минута, се играат две продолженија од по 15 минути. Доколку повторно победникот не е добиен по крајот на второто продолжение, изведувањето на пеналите го решаваат победникот на Суперкупот на УЕФА (до денес, само еден Суперкуп бил решен со изведување на пенали).[5] Секој тим се состои од 18 играчи, од кои 11 го започуваат натпреварот. Од останатите 7 играчи, може во игра да влезат само 3 замени. Доколку некој клуб одбие да игра или нема право на настап, тогаш тој клуб е заменет со вториот финалист од натпреварувањето преку кое е квалификуван. Доколку теренот не е подготвен за игра поради лоши временски услови, натпреварот мора да биде одигран следниот ден.[13]
60% од капацитетот на стадионот на Монако е резервиран за гостинските клубови. Стадионот исто така има и ВИП седишта. Останатите седишта се продаваат од страна на УЕФА преку интернет аукција При аукцијата секој апликант може да аплицира за билет неограничен број пати. За секоја испратена апликација се плаќа административен трошок од 5 евра.[16]
Победник по продолженија, златен гол или изведување пенали | |
Победник на Куп на шампиони / УЕФА Лига на шампиони | |
Победник на Европски / УЕФА Куп на победниците на куповите | |
Победник на Куп на УЕФА / Лига Европа |
Клуб | Победник | Финалист | Победник - година[A] | Финалист - година |
---|---|---|---|---|
Барселона | 5 | 4 | 1992, 1997, 2009, 2011, 2015 | 1979, 1982, 1989, 2006 |
Милан | 5 | 2 | 1989, 1990, 1994, 2003, 2007 | 1973, 1993 |
Реал Мадрид | 4 | 2 | 2002, 2014, 2016, 2017 | 1998, 2000, 2018 |
Ливерпул | 4 | 2 | 1977, 2001, 2005, 2019 | 1978, 1984 |
Атлетико Мадрид | 3 | 0 | 2010, 2012, 2018 | – |
Челси | 2 | 3 | 1998, 2021 | 2012, 2013, 2019 |
Бајерн Минхен | 2 | 3 | 2013, 2020 | 1975, 1976, 2001 |
Ајакс[B] | 2 | 1 | 1973, 1995 | 1987 |
Андерлехт | 2 | 0 | 1976, 1978 | – |
Јувентус | 2 | 0 | 1984, 1996 | – |
Валенсија | 2 | 0 | 1980, 2004 | – |
Севиља | 1 | 6 | 2006 | 2007, 2014, 2015, 2016, 2020, 2023 |
Порто | 1 | 3 | 1987 | 2003, 2004, 2011 |
Манчестер Јунајтед | 1 | 3 | 1991 | 1999, 2008, 2017 |
Динамо Киев | 1 | 1 | 1975 | 1986 |
Нотингем Форест | 1 | 1 | 1979 | 1980 |
Астон Вила | 1 | 0 | 1982 | – |
Абердин | 1 | 0 | 1983 | – |
Стеауа Букурешт | 1 | 0 | 1986 | – |
Мехелен | 1 | 0 | 1988 | – |
Парма | 1 | 0 | 1993 | – |
Лацио | 1 | 0 | 1999 | – |
Галатасарај | 1 | 0 | 2000 | – |
Зенит Ст. Петерсбург | 1 | 0 | 2008 | – |
Манчестер Сити | 1 | 0 | 2023 | – |
Хамбургер | 0 | 2 | — | 1977, 1983 |
ПСВ Ајндховен | 0 | 1 | — | 1988 |
Сампдорија | 0 | 1 | — | 1990 |
Црвена Ѕвезда | 0 | 1 | — | 1991 |
Вердер Бремен | 0 | 1 | — | 1992 |
Арсенал | 0 | 1 | — | 1994 |
Сарагоса | 0 | 1 | — | 1995 |
Париз Сен Жермен | 0 | 1 | — | 1996 |
Борусија Дортмунд | 0 | 1 | — | 1997 |
Фејенорд | 0 | 1 | — | 2002 |
ЦСКА Москва | 0 | 1 | — | 2005 |
Шахтар Донецк | 0 | 1 | — | 2009 |
Интер | 0 | 1 | — | 2010 |
Виљареал | 0 | 1 | — | 2021 |
Ајнтрахт Франкфурт | 0 | 1 | — | 2022 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.