Струшки вечери на поезијата (СВП) — најголемата светска поетска манифестација што се одржува секоја година во градот Струга. Манифестацијата е основно одбележје на градот како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. На поетскиот фестивал меѓу другото, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик. Сегашен претседател на управниот одбор на организацијата е Елизабета Шелева.[1]

Кратки факти Струшки вечери на поезијата, Мрежно место ...
Струшки вечери на поезијата
Thumb
Мрежно местоhttp://www.svp.org.mk/ Уреди на Википодатоците
Затвори
Thumb
Мостови — поетско читање во рамките на манифестацијата

Историјат на манифестацијата

Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Се дојде до идеја дека постојат сите услови да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер, која ќе се одржува во овој град, како смотра на поетските остварувања во Република Македонија во текот на една година.

Ваквата идеја и иницијатива наиде на позитивен одѕив и со задоволство беше прифатена од Друштвото на писателите на Македонија, Советот за култура на тогашна Народна Република Македонија и Народниот одбор на Општина Струга.

На една од своите седници, Народниот одбор на Општината во 1962 година формира прв фестивалски одбор од 7 членови, составен од претставници на Друштвото на писателитe на Македонија, културни и општествено-политички работници од Републиката и од Струга, чијшто претседател бил истакнатиот поет Ацо Шопов. Фестивалскиот одбор изготви програма распределена во четири вечери на кои настапија писатели од Македонија.

Од година на година бројот на учесници на Струшките вечери на поезијата се зголемувал. Во 1964, тие прераснаа во општојугословенски фестивал на кој зедоа учество поети од сите републики на поранешна Југославија. А веќе наредната, 1965 година, фестивалот ги премина југословенските граници и поприми карактер на меѓународна поетска манифестација на која настапија еминентни поети од неколку земји: Бугарија, Италија, Полска, Романија, поранешниот Советски Сојуз и поранешна Чехословачка. Бројот на земјите учеснички се зголемуваше. По четири години, во 1968 година, на средбите настапија поети и есеисти од 17 земји.

Во 1966 година Струшките вечери на поезијата прераснаа во институција што постојано ја дообликува својата физиономија, изградувајќи поцврсти критериуми врз кои ја конципира програмата и поканува учесници на приредбите. Советот на Струшките вечери на поезијата со своите посебно стручни комисии: програмска, селекциона, комисија за симпозиум, организационо-техничка, жири комисии за доделување награди и други, програмирано ја одвива својата дејност, настојувајќи што подобро и посодржајно да ја осмисли манифестацијата. Бројот на членови на Советот на Струшките вечери сега се движи околу 25, со претседател и двајца потпретседатели.

Струшките вечери на поезијата доживеаја брз растеж и за кусо време станаа единствена меѓународна манифестација од ваков вид, еден вид на мост меѓу литературните меридијани на светот. Тие претставуваат една значајна трибина од која што секоја година одекнува полифоничноста на поетскиот збор, неговите хумани пораки и моќта да облагородува и зближува.

Струшките вечери секоја година се вистински празник како за градот, така и за сите вљубеници на поезијата. Тие станаа значаен културен настан во светот на литературата, манифестација низ која, како низ отворен прозорец, може да се види и чуе што се случува во поезијата, во таа "земја без граници". Пропагирајќи ја поезијата и нејзините вредности, Струшките вечери имаат непроценливо значајна мисија во овој миг, во овој свет што ни се приближува, што го приближуваме.

Името на Струшките вечери на поезијата е внесено во сите поетски карти на светот. Струга е во сите оние што ја посетиле и виделе. Таа е на патот да биде и во оние што допрва ќе ја видат. "Ако постои некаде библиски небесен рај, со идеална убавина, тогаш едно негово овоземно катче е овој град" - запиша еден од многубројните странски учесници, заминувајќи од Струга.

Награди

На Струшките вечери на поезијата се доделуваат неколку награди:

  • Златен венец - највисока награда на фестивалот;
  • Награда „Браќа Миладиновци“ - за најдобра поетска книга на македонски автор, објавена меѓу два фестивали;
  • „Мостови на Струга“ - најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс;
  • Награда „Енхалон“ - востановена во 2012 година како награда за најдобра песна од млад автор од Македонија прочитана на фестивалот;
  • Награда „Григор Прличев“ - за најдобар препев на поезија од странски автор на македонски јазик. Во 1978 година оваа награда му се отстапила на Друштвото на литературните преведувачи од Македонија;
  • Награда на Радио-Телевизија Скопје - за најдобра книга за деца објавена меѓу два фестивали;
  • Награда на Нова Македонија - за најдобра песна прочитана на Струшките вечери на поезијата;
  • Награда за песна - се доделувала од 1963 до 1967 година за најдобра песна прочитана на фестивалот.;
  • Специјални признанија;

Награда „Златен венец“

Наградата „Златен венец“ е главна награда на Струшките вечери на поезијата. Таа е една од најценетите меѓународни награди за поезија во светот.

Наградата „Златен венец“ се доделува на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро.[2]

Досегашни лауреати


Повеќе информации Година, Лауреат ...
Година Лауреат Земја
1966 Thumb Роберт Рождественски  СССР
1967 Thumb Булат Окуџава  СССР
1968 Thumb Ласло Наѓ  Унгарија
1969 Мак Диздар  СР Босна и Херцеговина
1970 Thumb Миодраг Павловиќ  СР Србија
1971 Thumb Вистан Хју Оден  САД
1972 Thumb Пабло Неруда  Чиле
1973 Thumb Еуџенио Монтале  Италија
1974 Фазил Хисни Дагларџа  Турција
1975 Thumb Леополд Седар Сенгор  Сенегал
1976 Ежен Гилвик  Франција
1977 Thumb Артур Лундквист  Шведска
1978 Thumb Рафаел Алберти  Шпанија
1979 Thumb Мирослав Крлежа  СР Хрватска
1980 Thumb Ханс Магнус Енценсбергер  Германија
1981 Thumb Блаже Конески  СР Македонија
1982 Thumb Никита Станеску Романија
1983 Сачидананд Хирананд Ватсјајн-Ајгеј  Индија
1984 Thumb Андреј Вознесенски  СССР
1985 Јанис Рицос  Грција
1986 Thumb Ален Гинсберг  САД
1987 Thumb Тадеуш Ружевич  Полска
1988 Thumb Десанка Максимовиќ  СР Србија
1989 Томас Шапкот  Австралија
1990 Хусто Хорхе Падрон  Шпанија
1991 Thumb Јосиф Бродски  САД
1992 Thumb Ференц Јухас  Унгарија
1993 Thumb Генади Ајги  Русија
1994 Thumb Тед Хјуз  Обединето Кралство
1995 Thumb Јехуда Амихај  Израел
1996 Макото Оока  Јапонија
1997[3] Thumb Адонис  Сирија
1998 Лу Јуен  Кина
1999 Thumb Ив Бонфоа  Франција
2000 Thumb Едоардо Сангвинети  Италија
2001 Thumb Шејмас Хини  Ирска
2002 Славко Михалиќ  Хрватска
2003 Thumb Томас Транстремер  Шведска
2004 Thumb Васко Граса Моура  Португалија
2005 Thumb Вилијам С. Мервин  САД
2006 Thumb Нанси Морехон  Куба
2007 Thumb Махмуд Дарвиш  Палестински територии
2008 Фатос Арапи  Албанија
2009 Thumb Томаж Шаламун  Словенија
2010 Thumb Љубомир Левчев  Бугарија
2011 Thumb Матеја Матевски  Македонија
2012 Thumb Монгане Вали Сероте  ЈАР
2013[4] Thumb Хосе Емилио Пачеко  Мексико
2014[5] Thumb Ко Ун  Јужна Кореја
2015[6] Thumb Беј Дао  Кина
2016[7] Thumb Маргарет Атвуд  Канада
2017[8] Thumb Чарлс Симиќ  САД
2018[9] Thumb Адам Загајевски  Полска
2019[10] Thumb Ана Бландијана  Романија
2020[11] Thumb Амир Ор  Израел
2021[12] Thumb Керол Ен Дафи  Обединето Кралство
2022[13] Thumb Шунтаро Таникава  Јапонија
2023[14] Thumb Влада Урошевиќ  Македонија
2024[15] Thumb Жан-Пјер Симеон  Франција
Затвори

Награда „Браќа Миладиновци“

Наградата „Браќа Миладиновци“ е награда за најдобра поетска книга меѓу два фестивала на Струшките вечери на поезијата од македонски творци. Таа е најголемата национална награда за поетско творештво.

Награда „Мостови на Струга“

Наградата „Мостови на Струга“ e награда на УНЕСКО, кој е покровител на Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга меѓу два фестивали, на поет-дебитант.

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.