Ориген
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ориген Адамант (184/5 – 253/4 г.) — ранохристијански теолог, еден од апологетите на Црквата, кој го толкувал Светото писмо со помош на алегоричниот метод.[3][4]. Во тогашниот процут на гностицизмот, Ориген понудил алтернативен христијански систем кој бил поригорозен и филозофски поприфатлив од тогашните митолошки спелкулации во гностичките секти. Во текот на 5 и 6 век неговото учење било испитувано во голема мера, бидејќи верувал во предегзистенцијата и селбата на душите и апокатастисот (грчки – αποκαταστασις, што значи враќање на душите во првобитна состојба). Сите овие негови учења се отфрлени како еретички од страна на Светите Отци на Црквата и биле анатемисани на Петтиот вселенски собор во 553 г. Во Цариград, а тој бил посмртно екскомунициран од Црквата. Поради овие учења, Ориген никогаш не бил канонизиран од страна на Црквата. Затоа што некои од неговите учења (на пример дека секој маж и жена, па дури и ѓаволот и неговите демони, во крајна линија ќе бидат спасени) се директно противречни на учењата и делата на апостолите. Ориген бил плоден писател во повеќе гранки на теологијата вклучувајќи текстуални критики, библиска егзегеза и херменевтика, филозофска теологија, проповеди и духовност. Поради ова тој бил еден од најголемите библиски схолари на раната Црква, пишувајќи коментари за повеќето книги од Библијата. Тој го толкувал Светото Писмо буквално и алегорично. Се стекнал со видно филозофско образование, и затоа некои од неговите учења биле со нео-платоновски и нео-питагорејски карактер.
Ориген | |
---|---|
![]() Ориген насликан во ракопис од о. 1160 г. | |
Роден(а) | ок. 184 верој. Александрија, Египет |
Починал(а) | ок. 253 верој. Тир, Феникија (денешен Либан) |
Установа | Александриска богословска школа[1] |
Значајни дела | Пртив Келс За начелата |
Период | античка филозофија хеленистичка филозофија |
Подрачје | западна филозофија |
Школа | неоплатонизам Александриска школа |
Претежна дејност |
|
Значајни идеи |
|
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |