From Wikipedia, the free encyclopedia
Ипостас (грчки: υποστασις — стои под) — филозофски поим што буквално значи она што стои под, под-стоење (латински: sub-stantia). Во филозофијата, ипостасот може да биде подлога, основа, битие, супстанција итн.[1] Во христијанската теологија, ипостас е израз што се користи за определување на лицата на Света Троица.
Ипостазирање значи опредметување, односно попредметување на некое својство или поим. Да се ипостазира значи да се претвори во независно, суштинско, она што не е.[2] Според Кант, ипостазирањето значи нешто „што постои само во мислите за да се земе како стварен објект надвор од субјектот што мисли“, односно „неговите мисли да ги претвори во нешта“.[2]
Во грчката филозофија, изразот ипостас (грчки: υποστασις) се поврзува со изразот суштина (грчки: ουσια). Плотин го користел поимот ипостас за да означи супстанции, односно степени на битие.[3] Плотин ја дели целината на постоечкото на следните ипостаси:
Секој ипостас е втемелен во повисок, а единствен што е втемелен сам во себе е највисоката - Едното. Истекување или еманација (лат. emanation ) е процес кој тече од врвот до дното, од едното до материјата.
Во христијанската терминологија ипостасот добива спротивно значење од т.е. За да се отстранат недоразбирањата поради различното разбирање и употреба на поимит и, на барање на Св. Атанасиј Велики, во Александрија бил свикан собор (362), каде биило одлучено дека поимот (суштина) го означува она што е заедничко за сите три лица на Света Троица, а поимот (лице) го означува она што е троично во суштина. Придржувајќи се кон оваа терминологија, отците на Вториот вселенски собор, во своето послание до Римската црква (Римската епархија на една црква), го изразиле своето верување во Света Троица: Црквата верува во еден Бог (во една суштина), кој е во три совршени ипостаси (три совршени лица).
Значи, сите три лица - Отецот, Синот и Светиот Дух - во Света Троица имаат една иста суштина, така што православната теологија ги поставува единството и тројството Божјо на исто ниво. Разликата меѓу божествените лица (ипостаси) се заснова само на разликата во нивните лични својства.
Личн својство на Отецот е нероденоста. „Под неродено се подразбира она што е без потекло“ (Свети Григориј Ниски). Отецот е начелот на единството во Светата Троица, изворот (на тројните односи) од кој ипостасите го добиваат својот одреден карактер. Тој, како прв ипостас во Светата Троица, по својата лична природа е беспочетен, беспричински, нестворен, нероден, несоздаден, тој е Бог сам по себе, додека Синот и Светиот Дух произлегуваат беспочетно и вечно од Отецот - единството на Светата Троица се одржува од монархијата на Отецот.
Лично својство на Синот е раѓањето, т.е. Синот е вториот ипостас што произлегува од Отецот како роден. Синот се раѓа вечно од вечниот Отец, за време на еден процес што спаѓа во категоријата на суштината. Синот не е производ на волјата на Отецот, туку е Син по својата суштина, како единствен од единствените, како вистински Бог од вистинскиот Бог, и затоа ги има сите особини на вечноста (самиот поим за вечниот Отец го содржи во себе поимот за вечниот Син, и обратно).
Лично својство на Светиот Дух е неговото излегување од Отецот, што го открил самиот Господ Исус Христос, како една од најголемите свети тајни (Јован 15:26). Но, Светиот Дух е испратен во светот и од Отецот и од Синот (Јован 14,26), а неговата мисија е божја енергија во која учествуваат сите три ипостаси на Света Троица. Светиот Дух почива на Синот, учествува и го продолжува неговото дело на спасението, а учењето за Светиот Дух, кое е зачувано во Црквата, го нашло својот догматски израз во осмиот член на Симболот на верата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.