Орашац
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Орашац (познато и како Орашец) — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.
Орашац Орашец | |
Воздушен поглед на селото Орашац | |
Координати 42°03′45″N 21°47′59″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Куманово |
Област | Овче Поле |
Население | 290 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1305 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17071 |
Надм. вис. | 320 м |
Орашац на општинската карта Атарот на Орашац во рамките на општината | |
Орашац на Ризницата |
До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села.
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Куманово, југоисточно од градот Куманово, недалеку од патот Куманово-Свети Николе. Орашац е сместено на левата страна на реката Пчиња.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 320 метри.[2]
Покрај селото поминува регионалниот пат 1204, кој ги поврзува Куманово и Свети Николе, од каде постои локално асфалтно исклучување до селото.
Куќите на ова големо село се наоѓаат на висорамнина на околу 400 метри, а неговиот простран атар го зафаќа ридското земјиште во аголот помеѓу Пчиња на северозапад и нејзината притока Лука на североисток. Околни села се Скачковце, Шупљи Камен, Доброшане и Пчиња. Во минатото, водата за пиење мештаните ја добивале од две чешми во селото, но во 1963 година бил изграден водовод. Во атарот на селото се наоѓаат јаките извори Стара Чешма и Вруќа Вода.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Пчела, Долчиња, Крушчиња, Рајкови Гумна, Бардев Рид, Скрдове, Височко Дрво, Јанкова Нива, Пејкова Падина, Осојница, Годиќ, Пештера, Измида, Косматица, Новине, Вучидол, Коњарник, Рамниште, Селиште, Свируље, Чајково, Змијанац, Црквени Рид, Калишта, Крст, Бунарче, Беќаров Чукар, Голем Рид, Влашке Трнице, Поле, Плужовина, Ливада, Селце, Селиште и Подвис.[3]
Селото има збиен тип и е издолжено во насока северозапад-југоисток. Поделено е на три големи маала: Шаноско, Гегевско и Терзинско. Во секое маало, роднинските куќи се групирани.[3]
И денес, како дел од селото се сметаат куќите веднаш по Искриниот мост (наречен и Орашачки мост), на патот за селото Зубовце.
Југоисточно од селото се наоѓа возвишението Црквени Рид (584 м.), каде се наоѓа месноста Калишта со рушевини од округол ѕид. Sидот бил граден со камен и малтер и се забележуваат ѕидови на околу 15 куќи. Најверојатно тука се наоѓала утврдена населба, која имала важна местоположба помеѓу Кумановско и Овче Поле.[3]
Орашац влегува во старите села во Кумановско, а традицијата наведува дека порано тоа имало разбиен тип. Така, некои делови се наоѓале на месностите Селиште, Чајково, Подвис и Ливада. Во текот на отоманскиот период, тоа село пропаднало наеднаш и целото словенско христијанско население се иселило. Ова иселување се поврзува со Австро-отоманската војна во XVII век.[3]
Месноста Селиште се наоѓа близу денешното село, од неговата источна страна. Таму во нивите има темели на куќи, а денес таму се наоѓа изворот Стара Чешма и гробишта на денешното село. Месноста Чајково се наоѓа јужно од денешното село, каде по кажување таму се наоѓале повеќе селски куќи. Месноста Подвис се наоѓа западно од Орашац, далеку 2 километри, додека месноста Ливада е еден километар јужно од селото.[3]
Традицијата наведува дека порано постоело и посебно село на месноста Селце, што се наоѓа на граница на атарот помеѓу денешните села Орашац и Пчиња. На топографските карти ова место се сретнува и под имињата Жута Карпа. Во близина на Селце се сретнувале остатоци на црквиште.[3]
Орашац на денешното место го основале предци на доселени македонски родови, што се случило во втората половина на XVIII век. Прва куќа ја изградиле предците на денешниот голем род Шанески, а потоа дошле и предците на големите родови Гегевци и Терзиовци.[3]
Во 1912 година, во селото имало околу 40 македонски куќи, но со природен прираст селото растело многу брзо. Од Втората светска војна, селото претставува локален центар на југоисточниот дел на Кумановската област.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 22,3 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 922 хектари, на пасиштата отпаѓаат 889 хектари, а на шумите 303 хектари.[2]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција. Во селото работат продавници и услужни објекти.[2]
За време на отоманскиот период, во селото немало чифлици, иако кон крајот на владеењето Демир, Ќазим и Јашар-бег од Куманово се обидувале да основаат помали чифлици. Во тоа не успевале поради комитите.[3]
До крајот на Втората светска војна, мештаните живееле само од земјоделство и од сточарство, одгледувајќи жито, кози и овци. По војната, стопанските услови значително се промениле. Земјоделската задруга „Велко Стаменков“ изорала голем дел од пасиштата и било забрането одгледувањето кози, поради што сточарството опаднало. Исто така, многумина се вработиле на државна работа во околните градови.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орашац живееле 602 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орашац имало 688 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Македонци.[6]
Според движењето на бројот на населението, Орашац преминало од големо во средно село по големина. Така, селото во 1961 година броело 1.259 жители, од кои 1.218 биле Македонци, а 30 жители Срби. Во 1994 година, бројот се намалил на 480 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Орашац живееле 387 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 290 жители, од кои 268 Македонци, 3 Албанци, 3 Срби, 3 останати и 13 лица без податоци.[8]
Орашац претставува населба на тромеѓе на три етнички групи: Пољци, Которци и Шопови. Селото припаѓа на првата група, а како кажуваат мештаните Которци започнува од соседното село Колицко па натаму, додека Шопови почнуваат од Страцин.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 602 | 688 | 982 | 1.104 | 1.259 | 1.000 | 700 | 476 | 480 | 387 | 290 |
Орашац е македонско село. Сите родови се доселени.[3]
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се: Шановци (40 к.), имаат свое посебно маало и поделени се на помали групи (Белчеви, Деспотовци, Петларци, Цолевци, Попови и други). Потекнуваат од предокот Шано, кој бил Ром и прв изградил куќа во денешното село. Тој се доселил однекаде, во родот денес нема жители со темна боја на кожата; Гегевци (70 к.), и тие имаат свое посебно маало и поделени се на помали групи (Ајдарци, Грујовци, Ковачеви, Нешкови и Точеви). Доселени се од дебарскиот дел кој се наоѓа во Албанија, од местото на старина се доселиле пет браќа после некое убиство, жителите на овој род ги знаат предците: Божин, Филип, останатите предци не ги знаат; Терзијовци (30 к.), исто имаат свое маало и се делат на Смилковци, Стаменковци и Шалковци. Гранка се од родот Гегевци; Макрешанци (20 к.), доселени се од селото Макреш, а куќите им се помеѓу Шаноско и Гегевско Маало; Соколовци (5 к.), доселени се однекаде во XIX век.
Целосно исчезнал родот Отљанци кои се иселиле од селото, биле доселени од селото Отља, од родот Соколовци има иселеници во Ниш. Бошковци (2 к.) се иселиле во селото Проевце, гранка од родот Гегевци. Орашчани (3 к.) се иселиле во селото Кучкарево. Петковци (1 к.) се иселиле во селото Умни Дол. Шоповци (2 к.) се иселиле во селото Ќојлија. Гиевци (4 к.) се иселиле во селото Студена Бара, Скопско. Рашинци (3 к.) се иселиле во селото Винце. Иселеници има и во Скопје и Куманово.[3]
Кон крајот на XIX век, Орашац било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Орашац.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Орашац, во која покрај селото Орашац, се наоѓале и селата Алакинце, Вак’в, Винце, Д'лга, Доброшане, Живиње, Колицко, Малино, Пчиња, Скачковце и Шупли Камен. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната Општина Орашац, во која влегувале селата Орашац и Скачковце.
Во селото постои избирачкото место бр. 1139 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 247 гласачи.[14]
Во селото работи фудбалскиот клуб „Орашац“.[18]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.