Зубовце (Кумановско)
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Зубовце — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.
Зубовце | |
Поглед на селото Зубовце | |
Координати 42°5′45″N 21°50′8″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Куманово |
Област | Овче Поле |
Население | 1304 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 13 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17040 |
Надм. вис. | 320 м |
Зубовце на општинската карта Атарот на Зубовце во рамките на општината | |
Зубовце на Ризницата |
Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Куманово, чиј атар на мал дел се допира со подрачјето на општината Старо Нагоричане. Зубовце се наоѓа непосредно од левата страна на реката Пчиња.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 320 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 14 километри.[2]
До самото село води земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204 по селото Доброшане.
Куќите на ова село се наоѓаат во длабока долина на Зубовска или Новосељанска Река, во близина на нејзиното устие во Пчиња. Околни села се Шупљи Камен, Клечевце, Новосељане и други. Во минатото, мештаните водата за пиење ја добивале од бунари.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Корија, Плоча, Крст, Средни Рид, Чука, Самовилска Вода, Сува Чешма, Стари Трла, Алаџарма (со добар извор за вода), Краста, Модри Камен, Оџевица, Стари Лозја, Тачев Гроб, Смркови, Авлии, Жути Камен, Орловац, Гуштерица, Река (Пчиња), Рамниште и Голубица.[3]
Селото има збиен тип, кое е поделено на неколку маала, кои се наречени по главните родови (Грујчевско, Здравсковско, Ѓорчевско, Циганско и други).[3]
Зубовце влегува во старите села во Кумановско. Во помен од 1377 година, Јевдокија Дејановиќ со синовите го приложила селото Зубовце на манастирот „Св. Пантелејмон“ на Света Гора.[3]
Пред крајот на отоманскиот период, најголем дел од земјиштето во селото припаѓало на Турци, кои се викале Асан, Авмет-ќаја, Бари-бег, Решад-бег, Назив-бег, Верат, Садик и Невзат. Некои од нив живееле во селото преку целата година, како Асан и Авмет-ќаја. Во селото постоеле и мали турски гробишта.[3]
Во селото постои помала група на староседелски родови, додека останатите се доселеници, најголем дел за време на отоманскиот период.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 8 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 477,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 225,7 хектари, а на шумите само 9,8 хектари.[2]
Во основа, селото има полјоделска функција.[2]
Најголем дел од земјиштето во отоманскиот период припаѓало на Турците, а од нив браќата Решад-бег и Назив-бег држеле една половина. Тие поседувале и свои кули во селото. Од 1903 до 1912 година, турската земја постепено била продавана на селаните од Зубовце.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Зубовце живееле 266 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зубовце имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото во 1961 година броело 445 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 98 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Зубовце живеел 57 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 8 Македонци и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 266 | 208 | 355 | 409 | 445 | 395 | 223 | 109 | 98 | 57 | 13 |
Зубовце е македонско село.[3]
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
Постари иселеници има во Габреш (Ѓаковци). После Втората светска војна населението се иселувало во Куманово и други градови.[3]
Кон крајот на XIX век, Зубовце било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Клечевце.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Клечевце во периодот од 1955 до 1962 година, а од 1962 до 1965 година било во рамките на Општина Орашац.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Клечевце, во која покрај селото Зубовце, се наоѓале и селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Клечевце, Косматац, Мургаш и Новоселани. Во периодот 1950-1952 година селото влегувало во рамки на некогашната Општина Клечевце, во која влегувале селата Зубовце, Клечевце, Косматац и Новосељане.
Во селото постои избирачкото место бр. 1146 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[14]
По Првата светска војна, на возвишението Крст западно од селото била подигната црквичката „Св. Ѓорѓи“, која денес не постои и таму се наоѓа денешната црква „Св. Недела“.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.