Remove ads
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Винце — село во Општина Куманово, на 3 км од левиот брег на реката Пчиња на западното подножје на Градиштанската Планина.
Винце | |
Панорама на Винце | |
Координати 41°59′39″N 21°45′33″E | |
Регион | Куманово |
Општина | Општина Куманово |
Население | 32 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 17016 |
Надм. вис. | 494 м |
Винце на општинската карта Атарот на Винце во рамките на општината | |
Винце на Ризницата |
Селото Винце се наоѓа на 13 километри од Куманово и на 30 километри од Скопје на надморска висина од 494 метри. Селото има поволна местоположба бидејќи на 2,5 километри од селото поминува реката Пчиња и во близина на селото се наоѓа ловиштето Градманци кое е богато со дивеч исто така селото е поврзано со асфалтен пат со Скопје и со земјен пат со Куманово.
Подрачјето на Винце е населено уште од доцната антика, за што сведочат наоѓалиштата во неговиот атар.[2]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Во минатото жителите на селото се занимавале главно со земјоделство садење на различни житни култури, зеленчук но и со садење на тутун и памук интересно е тоа што селото Винце е последното село во Македонија каде што е регистриран засаден памук и тоа во далечната 1974[3] исто така значајно е да се напомене и да се забележи дека сите семејства од селото имаат лозја пред влезот на селото.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 48 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 196 мажи христијани, со 21 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 434 жители.[4]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 599 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 850 Македонци.[6]
На почетокот на XX век поточно во 1900 г. во селото се регистрирани 588 жители, во 1905 г. во селото има 688 жители но најмногу население во селото е регистрирано во 1952 г. со дури 1.500 жители. Според пописот од 1994 г. во Винце има 112 Македонци и 1 Србин. Во 2002 г. селото имало 90 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 32 жители, од кои 30 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 588 | 688 | 1.218 | 1.194 | 970 | 538 | 237 | 140 | 113 | 90 | 32 |
Винце е македонско село.
Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се:
Во селото постојат 5 манастири и 1 црква — „Св. Никола“. Црквата над селото веднаш до старата византиска чешма е посветена на овој светец.
Во селото како најголема знаменитост се смета старата црква Свети Никола која е една од најстарите во Кумановскиот регион исто така во и околу селото има 5 манастирчиња кои се стари, важно и интересно е да се каже дека околу пределот на селото на разни места постојат камени крстови кои според кажувањата на мештаните ја обележуваат територијата на селото. Друга знаменитост по кое е познато селото е по Византиската чешма која потекнува уште од Византиско време и се наоѓа веднаш до црквата Свети Никола освен за снабдување со свежа пивка вода чешмата во минатото се користела за напојување на добитокот (во десните четири мрамори) и перење на алишта и јамболии (левите четири мрамори)
Како и во сите краишта на Македонија, вечерта спроти Божиќ целото семејство се собира на таканаречената бадна вечера. Во Винце, во рамките на обредите кои се вршат околу бадната вечера (богомолства, горење на бадниково дрво и благослови за бериќет), постои обичај при кој им се делат ореви на сите и се запејува песната "Тропав ми, тропав ораси, мамо"[мртва врска]. Пред делењето на оревите и седнувањето на софрата, мажите, на јарем кој е поставен на прозорецот, палат свеќа и му се молат на Бога. Потоа, најстарата жена наречена куќница почнува да имитира квачка за која се фаќаат и останатите деца како пилиња и се вртат трипати околу куќниот дирек или столб. Обредот продолжува со палењето на бадниковото дрво во куќното огниште, кое гори додека се вечера и така горејќи треба да го дочека утрото, односно Божиќ.
Поради постоење на дивеч, селото е дел од Ловиштето бр. 9, односно Градманци, во состав на Скопско-кумановското ловностопанско подрачје, реон Скопје, со правец на протегање север - југ, источно од реката Пчиња. Северно се протега од Винце, а на југ оди до село Ветерско. Градманци зафаќа вкупна површина од 10.760 хектари, со намена за одгледување, заштита и ловење на ситен дивеч, како носечки ловностопански вид.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.