Општина Орашац

поранешна општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општина Орашац (или Општина Орашец) — поранешна општина во Североисточна Македонија. Оваа општина била создадена во 1996 година,[2] а укината согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена со Општина Куманово. Седиште на општината било селото Орашац.[2]

За истоименото село, видете Орашац.
Општина Орашац
денес дел од Општина Куманово


Општи податоци
СедиштеОрашац
РегионСевероисточен Регион
Основана1913, 1996-2004
Службен јазикмакедонски
Демографија
Население1.252[1] жит.
Населени места
НародностиМакедонци
Самоуправа
Контактни податоци

Населени места

Во Општина Орашац спаѓале следниве села: Габреш, Градиште, Живиње, К’шање, Кокошиње, Колицко, Кутлибег, Кучкарево, Новосељане, Орашац, Пезово и Скачковце.

Население

Според последниот попис од 2002 година, општината Орашац брои 1.252 жители, од кои:[1]

Повеќе информации националност, број ...
националност број
Македонци 1.238
Турци 1
Срби 13
Затвори

Наводи

Поврзано

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.