Кутлибег
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Кутлибег — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.
Кутлибег | |
Воздушен поглед на селото Кутлибег | |
Координати 42°3′15″N 21°54′21″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Куманово |
Област | Овче Поле |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1309 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17053 |
Надм. вис. | 520-690 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Кутлибег на општинската карта Атарот на Кутлибег во рамките на општината | |
Кутлибег на Ризницата |
Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Куманово, недалеку од патот Куманово-Свети Николе.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 520 до 690 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 25 километри.[2]
До селото води земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1204 во близина на селото Градиште.
Куќите на ова мало село се наоѓаат на висорамнина висока околу 500 метри. Споменатата висорамнина се простира западно од Кутлибег, додека на исток се издигнува карпест гребен висок околу 750 метри. Околни села се Пезово на југоисток и Мургаш на север. Водата за пиење во минатото мештаните ја добивале од бунари.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Врањак, Плоштак, Гладно Поле, Мирчевац, Грамада, Крушки, Црквиште и Ставиште.[3]
Селото има разбиен тип и е поделено на толку маала колку што има родови. Најголемо е Врањанско Маало со 10 куќи, додека најмало е Анчевско Маало со две куќи.[3]
На месноста Црквиште во Врањанско Маало се наоѓале кршени керамиди и големи земјени ќупови.[3]
Кутлибег влегува во поновите села во Кумановско и бил основан како чифлиг на некој турски бег. По тој бег останало и името на селото. Основањето на селото се случило околу 1810-1830 година, а за основачи се сметаат предците на денешниот најголем род Врањанци. Како што кажува и нивното име, тие се доселени од околината на Врање. По нив дошол и родот Коњарци, поради што овие два рода во селото имаат куќи и земјиште на најдоброто место.[3]
Пред крајот на отоманскиот период, сопственик на селото бил Аџи Јусеин-бег од Кратово, кој имал чифлици и во некои други села. Во него немало беговска кула, туку само амбар.[3]
Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 3,2 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 260 хектари, на пасиштата отпаѓаат 39 хектари, а на шумите само 7 хектари.[2]
Во основа, селото има полјоделска функција.[2]
Кутлибег било мало, но стопански доста поволно село. Мештаните најмногу се занимавале со земјоделство и сточарство. Земјата ја купиле по ослободувањето од турската власт во периодот од 1923 до 1927 година. По Втората светска војна, земјоделската задруга од Новосељане зело дел од атарот на селото.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кутлибег живееле 362 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кутлибег имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[6]
Кутлибег е мало село, коешто во 1961 година имало 149 жители, а во 1994 година 27 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Кутлибег живееле 13 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 362 | 80 | 131 | 143 | 149 | 132 | 54 | 16 | 27 | 13 | 2 |
Кутлибег е македонско село.[3]
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
Постари иселеници има во Живиње (Кутлеви). Иселување со поголем интензитет имало после Втората светска војна. Населението почнало да се иселува во градовите Куманово, Скопје и Велес.[3]
Кон крајот на XIX век, Кутлибег било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Орашац.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Кутлибег, се наоѓале и селата Габреш, Горно Ѓуѓанци, Градиште, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кучкарево, К’шање, Павлешенци, Пезово, Стањевци и Строиманци. Селото било дел од некогашната Општина Градиште во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Габреш, Градиште, К’шање, Кутлибег, Кучкарево и Пезово.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1140 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Пезово.[12]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.