From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Бистрица — една од поранешните општини во Република Македонија. Се наоѓа во јужниот дел на државата. Седиште на општината беше селото Бистрица. Во 2002 година населението изнесуваше 5.042 жители, од кои 3.688 се Македонци. Општината престанала да постои кога согласно законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година на 12 април 2005 година, била припоена кон Општина Битола.
Од 1996 година со новата територијална поделба на државата, Бистрица доби статус на седиште на општина. Во нејзин склоп вкупно беа 19 селски населби: Бистрица, Крстоар, Олевени, Барешани, Канино, Велушина, Граешница, Драгош, Кишава, Острец, Злокуќани, Кравари, Жабени, Породин, Лажец, Оптичари, Егри, Меџитлија и Кременица. Во дел од нив (во планинскиот и граничниот појас) живее албанско население. Општината Бистрица се простираше на крајниот југ од Македонија и непосредно се граничеше со Грција, со вкупна површина од 23.100 км2, а бројот на жители изнесуваше (ДЗС:Попис на населението 2002): 5,779 жители. Ден на општината беше 25 декември, и истата опстојуваше осум години т.е. сè до 2005 кога со новата територијална поделба на општините, беше припоена кон општина Битола.
Споменик во чест на загинатите борци во НОБ поставен 1971 г. Чешма во спомен на Крстин Чулаковски и над селото постои и бункер кој служел за воени дејствија.
Според последниот попис од 2002 година, општината имала 5.042 жители, од кои:[3]
Во учебната 1960/61 година се отвора осумгодишно основно училиште, кое го носи името “Крсте Петков Мисирков”. Во училиштето учат околу 270 деца, од кои најголем дел доаѓаат од соседните села со организиран автобуски превоз. Во склоп на училиштето има и училишна библиотека со книжен фонд од преку 6000 книги. Исто така има терени за кошарка, одбојка и ракомет, но тие се во дворот на училиштето, недостига сала за физичка култура. Новата училишна зграда беше изградена 2000 година.
Има доста иселеници во: Австралија, Америка, Шведска, Австрија, Италија и уште во многу други земји. Исто така многу луѓе емигрирале во Битола, како голем административен центар.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.