француски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Насер Бухани (француски: Nacer Bouhanni; р. 25 јули 1990 во Епинал) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис.[1]
Бухани на Гран при де Фурмје 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Насер Бухани | ||
Роден | 25 јули 1990 Епинал, Франција | ||
Висина | 1,75 м | ||
Маса | 66 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Кофидис | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Професионални клубови | |||
2010–2014 2015- | Франсес де же Кофидис | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 14 мај 2019 |
Се насочил кон спринтот и станал француски национален друмски првак во 2012 година.[2] Иако неговиот прв настап на некоја голема трка бил во 2012 година, негов вистински пробив бил настапат на Џиро д’Италија 2014, кога освоил три етапи и бодовниот пласман. Во август 2014 година било објавено дека Бухани ќе го напушти ФДЖ и дека ќе се приклучи на Кофидис на двегодишен договор од 2015 година.[3]
Сезоната 2014 била многу успешна за Бухани, со бројни победи вклучувајќи три етапи на Џиро д’Италија, како и освојувањето на бодовниот пласман на трката.[4] На Вуелта а Еспања, Бухани победи на два масовни спринта, на втората и осмата етапа. На осмата етапа се појавиле накрсни ветрови, а Бухани успеал да се задржи со првата група, победувајќи во контроверзниот спринт пред Мајкл Метјус и Петер Саган.[5] По повлекувањето од Вуелта, Бухани дал интервју во кое изнел критики за управата на екипата. Како одговор, Марк Мадио го отстранил од остатокот на сезоната, поради што Бухани се одлучил да ја напушти екипата за Кофидис.[6]
Морал да чека до април за да ја добие својата прва победа за неговата нова екипа на воведната етапа на Сиркут де ла Сарт во масовен спринт откако бегството било достигнато во рамки на последниот километар.[7] Исто така, ја освоил последната етапа на трката.[8] Малку подоцна во месецот ја освоил Гран при де Денен втора година по ред.[9] Својата прва победа за екипата на некоја трка од Светската турнеја ја остварил на втората етапа на Критериум ди Дофине во масовен спринт.[10] Ја повторил победата на четвртата етапа по жестоката завршница со многу напади.[11] Бухани бил принуден да се повлече од Тур де Франс по падот на 12. километар на петтата етапа.[12]
Бухани ја освоил првата етапа на Волта а Каталуња и ја носел водечката маичка.
Бухани се повлекол од националните првенства поради повреда на раката здобиена при тепачка со гости во хотелот ноќта пред трката.[13] Повредата, исто така, предизвикала да се повлече од Тур де Франс.[14]
На 21 август 2016 година, Бухани го освоил Јуроајс Класик во спринт, но подоцна поради неправилно спринтање му била одземена победата.
Бухани бил казнет една минута поради удирање на друг возач, Џек Бауер, на Тур де Франс 2017. Судиите на трката исто така го казниле со 200 швајцарски франци.[15] Бухани бил исто така под истрага по контактот со Антони Малдонадо на крајот на етапата на Тур де л’Ен во август. Судиите на трката одлучиле да не преземат дејствија.[16] Подоцна во 2017 година, по трката Париз-Бурж, Бухани морал да биде одвоен Руди Барбје, кој ја освоил трката. Бухани подоцна се извинил за своето однесување, но искажал дека Барбје возел опасно и неправилно во завршниот спринт.[17] Во мај 2018 година, француското спортско списание L'Équipe пријавило дека Бухани бил вклучен во „насилна кавга“ со спортскиот директор на Кофидис, Роберто Дамијани, во автобусот на екипата по Трката околу Франкфурт, на која Бухани не завршил.[18]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.