From Wikipedia, the free encyclopedia
Мрежичка — мало, слабосјајно соѕвездие на јужното небо. Потеклото на името е од латинскиот збор Reticulum што во превод би значело мала мрежичка, или пак според мрежичката во окуларите на телескопите со која се одредува местоположбата на ѕвездите.[1] Соѕвездието најубаво може да се набљудува за периодот меѓу октомври и декември, но истото не може да се види од средните северни широчини.[2]
лат. Reticulum | |
Кратенка | Ret |
---|---|
Генитивно | Reticuli |
Симболизам | Мрежичка |
Ректасцензија | 4 ч. |
Деклинација | −60° |
Квадрант | SQ1 |
Површина | 114 (°)² (82-ро) |
Главни ѕвезди | 4 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 11 |
Ѕвезди со планети | 7 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | нема |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | нема |
Најсјајна ѕвезда | α Ret (3,33m) |
Најблиска ѕвезда | ζ2 Мрежичка (39,40 сг, 12,08 пс) |
Месјеови објекти | нема |
Соседни соѕвездија | Часовник Златна Рипка Мала Водна Змија |
Видливо на ширина од +23° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јануари. |
Соѕвездието во оваа област било воведено од страна на Исак Хабрехт II на неговиот небесен глобус во 1621 година, и истото било наречено Ромб.[3] Подоцна било заменето со поинакво соѕвездие од страна на францускиот астроном Никола Луј де Лакај во XVIII век, за време на неговиот престој на ’Ртот на Добра Надеж, соѕвездиете го именувал le Réticule Rhomboide според мрежичката во неговиот окулар на телескопот.[4] Името подоцна било латинизирано во неговиот ѕвезден каталог Coelum Australe Stelliferum. во 1810 година, ѕвездите од соѕвездието мрежичка биле од страна на Вилијам Кросвел за да се добие соѕвездието Мермерна Скулптура, што всушност го претставувало Кристофер Колумбо, но ова не било прифатено од астрономите.[5]
Соѕвездието Мрежичка официјално е признато како едно од 88-те современи соѕвездија на првото собрание на Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година. Границите на ова а и на другите соѕвездија беа исцртани од страна на белгискиот астроном Ежен Жозеф Делпорт користејќи ректасцензија и деклинација за епохата од 1875 година. Овие карти се објавени во 1930 година во Delimination Scientifique des Constellations со поддршка на Меѓународниот астрономски сојуз.[6][7]
Само две од ѕвездите во ова соѕвездие се посјајни од светелинска величина 5: Алфа (α) и Бета (β) Мрењжичка. Црвената ѕвезда R Мрежичка емпроменлива ѕвезда од видот Мирида. Оваа променлива ѕвезда била забележана од страна на Чинтамани Рагуната Чари кој работел во Мадраската опсерваторија во Индија.[8]
Двојната ѕвезда Ипсилон Мрежичка се состои од ѕвезда со спектрална класа K2IV околу која орбитира бело џуџе. Со употреба на паралаксични мерења утврдено е дека овој систем е на растојание од 50 сг. Во 2000 година, беше објавено дека е пронајдена вонсончева планета, која орбитирала околу ѕвездата Мрежичка A.[9]
Зета Мрежичка е широк двоен систем, каде и двете ѕвезди се слични на Сонцето. Се наоѓа на растојание од околу 39 сг. Овој систем стана познат во уфологијата, кога наводните жртви на вонземско киднапирање Бети и Барни Хил ја посочиле како дом на нивните киднапери.
Во 2005 година, била откриена супернова од типот 1а во спиралната галаксија NGC 1559, со местоположба во соѕвездието Мрежичка.[10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.