From Wikipedia, the free encyclopedia
Златна Рипка (лат. Dorado) — соѕвездие на јужното небо. Било именувано во доцниот XVI век и сега е едно од 88 современи соѕвездија. Името се однесува на рибата корифен (Coryphaena hippurus), која е позната како dorado на португалски, иако истата е прикажана како сабјарка. Златна Рипка е позната по тоа што го содржи поголемиот дел од Големиот Магеланов Облак, остатокот е во соѕвездието Маса. Во ова соѕвездие се наоѓа и јужниот еклиптички пол.
лат. Dorado | |
Кратенка | Dor |
---|---|
Генитивно | Doradus |
Симболизам | Сабјарка |
Ректасцензија | 5 ч. |
Деклинација | −65° |
Квадрант | SQ1 |
Површина | 179 (°)² (72) |
Главни ѕвезди | 3 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 14 |
Ѕвезди со планети | 5 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 0 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 0 |
Најсјајна ѕвезда | α Dor (3,27m) |
Најблиска ѕвезда | GJ 2036 (36,50 сг, 11,19 пс) |
Месјеови објекти | 0 |
Метеорски дождови | нема |
Соседни соѕвездија | Длето Часовник Мрежичка Мала Водна Змија Маса Летечка Риба Сликар |
Видливо на ширина од +20° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јануари. |
Иако името Dorado не е латинско туку португалско, астрономите го нарекуваат според латинскиот генитивен облик Doradus кога ги именуваат ѕвездите.
Златната рипка беше едно од дванаесетте соѕвездија именувани од Петар Планциј од набљудувањата на Питер Дирксон Кејсер и Фредерик де Хаутман,[1] и за првпат се појавува на 35 сантиметарскиот небесен глобус објавен во 1597 г. (или 1598 г.) во Амстердам од страна на Планциј и Јодок Хондиј. Првиот запис во небесен атлас беше во атласот на Јохан Бајер наречен Уранометрија Uranometria од 1603 г. каде беше запишано под името Дорадо. Дорадо низ историјата се прикажувало како риба делфин и сабјарка, второто е неточно.[2] Исто така е прикажано и како златна рипка.[1] Соѕвездието било познато во XVII и XVIII век како Ксифија, сабјарка, првично напоменато во Кеплеровото издание на списокот од ѕвезди на Тихо Брахе во Рудолфиновите табели од 1627 г. Името Дорадо преовладува и е прифатено од Меѓународниот астрономски сојуз.
Алфа Златна Рипка е сино бела ѕвезда со светлинска големина 3,3, на 176 сг. од Земјата. Таа е најсветлата ѕвезда во соѕвездието Златна Рипка. Бета Златна Рипка е забележително светла променлива ѕвезда. Станува збор за жолт суперџин кој има минимална светлосна големина 4,1 и максимална светлосна големина од 3,5. На растојание од 1040 сг. од Земјата, Бета Златна Рипка има период од 9 дена и 20 часа.[1]
R Златна Рипка е една од многуте променливи ѕвезди во соѕвездието Златна Рипка. S Dor, 9.721 хиперџин во Големиот Магеланов Облак, е прототипот за S Златна Рипка променливи ѕвезди. Променливата ѕвезда R Златна Рипка со 5,73 од 1997 ја поседува наголемата привидна големина за која и да било ѕвезда.[3] Гама Златна Рипка е прототипот за Гама Златан рипка променливите ѕвезди.
Суперновата 1987A беше најблиската супернова која се случила од создавањето на телескопот. SNR 0509-67,5 е остатокот од небообичаено енергетскиот вид на 1a супернова која се случила пред 400 години.
HE 0437-5439 е хипербрзинска ѕвезда која го напушта системот Млечен Пат/Магеланов Облак.
Златна Рипкае исто така меатото во кое се наоѓа јужниот еклиптички пол, кој е точно во близина на главата на рибата. Истиот бил наречен „Polus Doradinalis“ од Вилем Јансон Блеу.[2]
Бидејќи Златна Рипкасодржи дел од Големиот Магеланов Облак, соѕвездието е богато со далечни објекти. Големиот Магеланов Облак, со пречник од 1.000 сг., е придружна галаксија на Млечниот Пат, и е на растојание од 179.000 сг. Истата е деформирана од гравитациските заемодејства со Млечниот Пат. Во 1987, во истата се случи SN 1987A, првата супернова од 1987 г. и најблиската по онаа од 1604 г.[4] Со широчина од 25.000 сг. содржи околу 10.000 милиони ѕвезди.[1] Сите кординати се за епохата J2000,0.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.