From Wikipedia, the free encyclopedia
Часовник — мало и слабосјајно соѕвездие на јужното небо ( со деклинација од оклолу −60 степени). Името е латински презапис на грчкиот[1] збор за часовник (Horo [ὥρο]- што значи час и logium [λέγειν] што значи покажувач [horologium= покажувач на часови]).
лат. Horologium | |
Кратенка | Hor |
---|---|
Генитивно | Horologii |
Симболизам | Часовник со клатно |
Ректасцензија | 3 ч. |
Деклинација | −60° |
Квадрант | SQ1 |
Површина | 249 (°)² (58-мо) |
Главни ѕвезди | 6 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 10 |
Ѕвезди со планети | 2 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 0 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 1 |
Најсјајна ѕвезда | α Hor (3,85m) |
Најблиска ѕвезда | GJ 1061 (11,99 сг, 3,66 пс) |
Месјеови објекти | нема |
Метеорски дождови | непознато |
Соседни соѕвездија | Еридан Мала Водна Змија Мрежичка Златна Рипка Длето |
Видливо на ширина од +30° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец декември. |
Часовник за првпат како соѕвездие е исцтрано во XVIII век од страна на аботот Никола Луј де Лакај.[2] Првичното име на соѕвездието било Часовник со Клатно (Horologium Oscillitorium), во чест на пронаоѓачот на истиот Кристијан Хајгенс и неговата книга Часовник со клатно (Horologium Oscillatorium).
Часовник како соѕвездие не се одликува со сјајни ѕвезди. Алфа Часовник, најсјаната ѕвезда, е портокалов џин со светлинска величина 3,9, на растојание од 117 сг. од Земјата. Бета Часовник е бел џин со светлинска величина 5, и на растојание од 314 сг. од Земјата. Но, сепак соѕвездието содржи неколку променливи ѕвезди. R Часовник е црвен џин Мирида со доста променлив распон на светлинската величина, на растојание од 1000 сг. од Земјата. Минималната светлинска величина изнесува 14,3 додека пак максималната 4,7, во временски период од 13 месеци.[2]
Часовник е соѕвездие во кое има голем број на далечни објекти, т.е. во истото има неколку збиени јата. NGC 1261 е збиено ѕвездено јато со вкупна светлинска величина 8, и на растојание од 44.000 сг, од Земјата.[2] Збиено ѕвездено јато Арп-Мадоре 1 кое се гледа во соѕвездието, и е најоддалеченото збиено јато во Млечниот Пат на растојание од 398.000 сг. од Земјата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.