Благота
храна добиена од млеко / From Wikipedia, the free encyclopedia
Благота[1][2] или млечни производи — прехранбени производи кои содржат или се произведуваат од млекото на цицачите. Тие првенствено се произведуваат од цицачи како крави, биволици, кози, овци и камили.
Покрај млекото, во исхраната на луѓето се користат и млечни производи, како што се:
- крем,
- путер, маст
- матеница
- јогурт,
- ајран
- сладолед,
- сирење,
- кајмак ,
- сурутка,
- шлаг,
- пудинг,
- кисело млеко,
- сирење,
- биено сирење
- кефир,
- лактоза,
- млеко во прав и
- чоколадно млеко.[3] [4]
Млечните производи често се произведуваат во домаќинствата, а индустрискиот или занаетчискиот објект каде што се произведуваат млечни производи се нарекува млекара.[5] Се консумираат ширум светот, со исклучок на поголемиот дел од Источна и Југоисточна Азија и делови од централна Африка.