From Wikipedia, the free encyclopedia
Матеница[1][2], маштеница[3][4] или биеница[5][6] (дијалект) — превриен млечен пијалак. Традиционално, тоа е течноста што се остава по изматувањето на маста од полномасно млеко. Бидејќи најмодерниот путер во западните земји не се прави од култивирано млеко, туку со некултувирана слатка павлака, најмодерната матеница во западните земји се произведува посебно, во посебен процес. Вообичаена е во топли клими каде млекото (без фрижидер) брзо се скиселува.[7]
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 169 kJ (40 kcal) |
4,8 g | |
Масти | 0,9 g |
3,3 g | |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. |
Матеницата може да се пие директно, а може да се користи и при готвење. При правењето содов леб, киселината во матеницата реагира со средството за подигање, натриум бикарбонат, за да произведе јаглерод диоксид кој делува како квасец. Матеницата се користи и за маринирање, особено за пилешко и свинско месо.
Оригинално, матеница се однесувало на течноста што останувала од изматениот путер од култивирана или превриена (ферментирана) павлака. Традиционално, пред доаѓањето на хомогенизацијата, млекото се оставало да отстои одредено време за да се одвојат кремот и млекото. За тоа време, природните бактерии кои произведуваат млечна киселина во млекото го ферментирале. Ова го олеснува процесот на изматување на путерот, бидејќи маснотиите од кремот со пониска pH вредност се спојуваат полесно од свежиот крем. Киселата средина, исто така, помага да се спречи растот на потенцијално штетните микроорганизми, со што се зголемува рокот на траење.[8]
Традиционалната матеница сè уште е вообичаена во многу арапски, индиски, непалски, пакистански, фински, полски, холандски и германски домаќинства, но ретко се наоѓа во други западни земји. Тоа е вообичаен пијалак во многу индиски и непалски домови и често се служи со печена пченка.[9] Во арапскиот свет, матеницата е вообичаен пијалак што се продава на мраз ладен со други млечни производи. Популарен е за време на Рамазан, кога се консумира за време на ифтар и сухур.
Комерцијално произведеното матеница е споредлива со обичното млеко во однос на енергијата и мастите. Една чаша (237 mL) полномасно млеко содржи 157 килокалории (660 kJ) и 8,9 грама масти. Една чаша полномасна матеница содржи 152 килокалории (640 kJ) и 8,1 грама вкупни масти. Достапнa е и матеница со ниски маснотии. Матеницата содржи витамини, калиум, калциум и траги од фосфор.[10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.