Лав
вид голема мачка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лав (науч. Panthera leo), архаично арслан[1][2] — една од четирите големи мачки од родот пантери, и член на семејството мачки. Некои машки примероци надминуваат 250 кг во тежина, со што лавот е втора најголема мачка која живее на земјата по тигарот. Дивите лавови живеат слободно во природата во Потсахарска Африка, и во Азија со критично загрозено население во северозападна Индија, а во минатото лавови живееле во Северна Африка, Блискиот Исток, и Западна Азија. Сè до доцниот плеистоцен, кој траел до пред 10,000 години, лавот бил најраширен копнен цицач по човекот. Тие се најдени во поголем дел од Африка, голем дел од Евроазија од Западна Европа до Индија, и во Америка од Јукон до Перу.
Лав Период: ран плеистоцен до денес | |
---|---|
Мажјак | |
Женка (лавица) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Семејство: | Мачки |
Потсемејство: | Големи мачки |
Род: | Пантери |
Вид: | P. leo |
Научен назив | |
Panthera leo (Линеј, 1758) | |
Историска (црвено) и сегашна (сино) распостранетост на лавот. | |
Распростанетост на лавови во Индија: Шумата Гир, во Гуџарат, е последниот природен опсег од окулу 400 диви азиски лавови. Се планира да се пренесат некои од лавовите во светилиштето „Kuno Wildlife“ во близина на Мадја Прадеш. | |
Синоними | |
(Линеј, 1758) |
Лавот во природа живее од 10 до 14 години, додека во заробеништво може да живее над 20 години. Во дивина, машките лавови честопати живеат подолго од 10 години, иако борбите со соперниците предизвикуваат повреди. Лавот живее во саваната и тревници, иако може да се најде и во грмушки и во шума. Лавовите се необично друштвени животни во споредба со другите мачки. Група женски лавови обично ловат заедно.