Систем на природата
едно од најзначајните дела на шведскиот ботаничар, зоолог и лекар Карл Лине / From Wikipedia, the free encyclopedia
„Систем на природата“ (латински: Systema Naturæ) — најважното дело на шведскиот ботаничар, зоолог и лекар Карл Линеј, кое ја изложува влијателната „линеевска таксономија“. Иако системот на биномна номенклатура е делумно осмислен пред два века од браќата Гаспар и Јохан Баухин.[1] Значајно е тоа што Линеј бил првиот што доследно го применувал во целиот труд. Првото издание излегло во 1735 г. За најважно се смета десеттото издание, чиј полн наслов гласи Systema naturæ per regna tria naturæ, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis („Систем на природата со трите природни царства, според класи, редови и родови, со особености, разлики, синоними, места“).
Десеттото издание на книгата има особено особено значење како зачеток на зоолошката номенклатура.[2] Во 1766–1768 г. Линеј го објавил доста преработеното и дополнето XII издание, кое е последното чијшто автор е самиот тој. Помеѓу 1788 и 1793 г. излегло уште едно, повторно преработено дело со истиот наслов, овој пат во уредништво на германскиот природонаучник Јохан Фридрих Гмелин. Оваа преработка на Гмелин се смета за составен дел од серијата на истото дело.[3]