Пантери
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пантерите (науч. Panthera) се род од семејството мачки, кој ги содржи познатите видови: тигар, лав, јагуар и леопард. Во овој род спаѓаат половина од видовите на потсемејството големи мачки (Pantherinae). Животните кои припаѓаат на овој род, со едно име ги нарекуваме пантери. Зборот пантер е добиен од грчкиот збор pan- („сите“) и theras („ловец“), бидејќи можат да ловат и убиваат скоро секакво животно. Постојат верувања дека родот пантери може да има и источноазиско потекло, и значи „жолтеникаво животно“[1].
Пантери Период: ран плиоцен до денес | |
---|---|
Од горе надолу: лав, тигар, јагуар и леопард | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Семејство: | Мачки |
Потсемејство: | Големи мачки |
Род: | Пантери Oken, 1816 |
Типски вид | |
Felis pardus Linnaeus, 1758 |
Само овие четири видови мачки имаат анатомски предиспозиции за рикање. Првично се верувало дека способноста за рикање е од непотполното оскоскување на подјазичната коска. Сепак, новите истражувања покажуваат дека оваа способност се должи на морфолошки одлики на гркланот. Снежниот леопард (Uncia uncia), кој понекогаш се вклучува во родот пантери, не може да рика. Иако го поседува непотполното оскоскување на подјазичната коска, тој не ги поседува специфичните одлики на гркланот[2].