Перу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Перу (шпански: Perú, кечуански: Piruw, ајмарски: Piruw), официјално Република Перу ( República del Perú, Piruw Suyu, Piruw Republika) е независна држава која се наоѓа во западниот дел на Јужна Америка. Перу се граничи со Еквадор и Колумбија на север, со Бразил на исток, со Боливија на југоисток, со Чиле на југ и на запад излегува на Тихи Океан.
Република Перу República del Perú (шпански) Piruw Republika (кечуански) Piruw Suyu (ајмарски) |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: "Himno Nacional del Perú" |
||||||
Печат: „Голем печат на државата“ (Gran Sello del Estado) |
||||||
Главен град | Лима 12°2.6′S 77°1.7′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | шпански1 | |||||
Народности | 45% староседелци, 37% мешани, 15% белци, 3% црнци, Азијци | |||||
Демоним | Перуанци
(Перуанец/Перуанка) |
|||||
Уредување | претседателска република | |||||
• | Претседател | Дина Болуарте | ||||
• | Заменик претседател | — | ||||
• | Премиер | непополнето | ||||
Независност | од Шпанија | |||||
• | Објавена | 28 јули 1821 | ||||
• | Консолидирана | 9 декември 1824 | ||||
• | Призната | 14 август 1879 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1,285,216 км2 (20-та) | ||||
• | Вода (%) | 8.8 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 30 јуни 2009 г. | 29.132.013[1] | ||||
• | Попис 2007 | 28.220.764 | ||||
• | Густина | 22 жит/км2 (193-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | $272.560 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $9.223[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $139.502 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $4.720[2] | ||||
Џиниев коеф. (2012) | 45.3[3] среден · 35та |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.737[4] висок · 82ра |
|||||
Валута | Нов сол (PEN ) |
|||||
Часовен појас | ПВ (UTC-5) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .pe | |||||
Повик. бр. | +51 | |||||
1. | во пределите каде се доминантни староседелски јазици и тие се официјални, како на пример кечуански, ајмарски и други. |
Територијата на Перу била татковина на цивилизацијата Норте Чико, една од најстарите во светот и на Имепријата на Инките, најголемата држава на територијата на Јужна Америка пред колонизацијата. Шпанското царство ја освоила територијата во 16 век и го основале Вицекралството Перу во чиј склоп влегле поголемиот број земји колонизирани од Шпанија во тој дел од Јужна Америка. По независноста на Перу, државата подлегнала на поголем број нестабилности и економски кризи, но исто така имала и стабилни и просперитетни периоди.
Перу е демократска република поделена на 25 региони. Географијата на Перу варира од рамнини во близина на крајбрежјето до високи планини и врвови на исток и тропски шуми во Амазонскиот басен. Државата е во развој со среден индекс на развој и ниво на циромаштија од 40%. Главните економски ресурси се земјоделството, рибарството, рударството и производството на текстил и други суровини.
Населението на Перу брои 28 милиони луѓе и е мултиетничко општество, со значаен број на староседелско население, европски доселеници, африканско население и Азијци. Доминантниот јазик во државата е шпанскиот јазик, иако има голема застапеност на кечуански, ајмарски и останати староседелски јазици.