From Wikipedia, the free encyclopedia
Поткралство Перу (шпански: Virreinato del Peru) — поткралство кое било под директно влијание на Шпанското Царство во периодот од 1542 до 1824 година. Териториите на ова поткралство се наоѓале во Јужна Америка односно териториите на денешните држави Перу, Чиле, Колумбија, Еквадор, Боливија, Парагвај, Уругвај и Аргентина. Престолнина на поткралството бил градот Лима.
Поткралство Перу Virreinato/Virreynato del Perú
| |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1542–1824 | |||||||||||||||
Статус | Колонија | ||||||||||||||
Главен град | Лима | ||||||||||||||
Говорени јазици | службен: Шпански, говорни: кечуански, кичвански, ајмарски, пукиснки. | ||||||||||||||
Вероисповед | римокатоличка | ||||||||||||||
Уредување | Монархија | ||||||||||||||
Крал | |||||||||||||||
• 1542 - 1566 | Карло I | ||||||||||||||
• 1813 - 1821 | Фердинанд VII | ||||||||||||||
Viceroy | |||||||||||||||
• 1544 - 1546 | Бланко Нунеж Вела | ||||||||||||||
• 1821 - 1824 | Џозе дел ла Серна е Хиноџоза | ||||||||||||||
Историски период | Шпанско Царство | ||||||||||||||
• Основана | 1542 | ||||||||||||||
• Fall of Vilcabamba | 1572 | ||||||||||||||
• Независност на Перу | 28 јули 1824 | ||||||||||||||
Валута | Песо | ||||||||||||||
|
Поткралството било формирано во времето на светиот римски цар Карло V на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франсиско Писаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу. Во 1543 година кралот го испратил и го назначил како поткрал Бласко Нунеж Вела за да ја спречи војната, но тој бил убиен три години подоцна од страна на Гонсало Писаро. Конеечно, Педро де ла Гаска успеал да воспостави ред во поткралството и во 1548 година да стави крај на граѓанската војна.
Во текот на своето постоење, поткралството било управувано од страна на 39 кралеви во периодот помеѓу 1544 до 1824 година. Франческо де Толедо (1569-1581) тој спровел големи реформи во поткралството. Тој ги централизирал колонијалните владини функции и ги поставил идните административни работници на поткралството. Во текот на нејзиното постоење, наредните векови следувале тешки моменти и кризи како во Шпанија така и во Перу. Во 1713 година било создадено Поткралството Нова Гранада на север, како и Поткралството Рио де ла Плата во 1776 година.
Во текот на 19 век, голем дел од териториите на државата добиле независност и целосното постоење на државата завршило по Битката кај Ајакуча во 1824 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.