![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e9/Callisto.jpg/640px-Callisto.jpg&w=640&q=50)
Калиста (месечина)
месечина на Јупитер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Калиста (грчки: 'Καλλιστώ'), односно Јупитер IV, — втората најголема Јупитерова месечина, по Ганимед. Таа е трета месечина по големина во Сончевиот Систем по Ганимед и најголемата месечина на Сатурн, Титан. Калиста била откриена во 1610 од страна на Галилео Галилеј. Со 4821 километри во пречник, Калиста има околу 99% од пречникот на планетата Меркур, но само околу една третина од нејзината маса. Таа е четврта Галилеева месечина на Јупитер според раздалечина, со орбитален полупречник од околу 1.883.000 км. Не е во орбитална резонанција како другите три Галилееви месечини—Ија, Европа, Ганимед. Ротацијата на Калиста е синхронично заклучена на орбитата околу Јупитер, така што истата полутопка секогаш е свртена навнатре. Јупитер се појавува како да стои речиси неподвижен на небото на Калиста. Таа не е толку погодена од магнетосферата на Јупитер колку другите внатрешни месечини, поради орбитата која се наоѓа малку понадвор од Јупитеровиот главен радијациски појас.[8]
![]() Задната полутопка на Калиста сликана во 2001 од леталото Галилео на НАСА. | |||||||||
Откривање | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Откривач | Галилео Галилеј | ||||||||
Откриено | 7 јануари 1610 | ||||||||
Ознаки | |||||||||
Јупитер IV | |||||||||
Орбитални особености | |||||||||
Периапсида | 1.869.000 км[lower-alpha 1] | ||||||||
Апоапсида | 1.897.000 км[lower-alpha 2] | ||||||||
Главна орбита полупречник | [1] | ||||||||
Занесеност | 0,0074[1] | ||||||||
16,6890184 д[1] | |||||||||
Просечна орбитална брзина | 8,204 км/с | ||||||||
Наклон | 2.017° (во однос на еклиптиката) 0.192° (во однос на Лапласовите рамнини)[1] | ||||||||
Месечина на | Јупитер | ||||||||
Физички особености | |||||||||
Среден полупречник | 2.410,3 ± 1,5 км (0.378 Земји)[2] | ||||||||
7,30⋅107 км2 (0.143 Земји)[lower-alpha 3] | |||||||||
Зафатнина | 5,9⋅1010 км3 (0.0541 Земји)[lower-alpha 4] | ||||||||
Маса | (1,075938 ± 0,000137)⋅1023 кг (0.018 Земји)[2] | ||||||||
Средна густина | 1,8344 ± 0,0034 г/см3[2] | ||||||||
1,235 м/с2 (0.126 g)[lower-alpha 5] | |||||||||
Фактор на моментот на инерција | 0,359 ± 0,005[3] (проценка) | ||||||||
2.440 км/с[lower-alpha 6] | |||||||||
синхронично | |||||||||
нула[2] | |||||||||
Албедо | 0.22 (геометрично)[4] | ||||||||
| |||||||||
5.65 (противположба)[5] | |||||||||
Атмосфера | |||||||||
Површински притисок | 7,5 пикобари[6] (0 kPa, 0 atm) | ||||||||
Состав по зафатнина | ≈ 4⋅108 молекули/cm3 јаглерод диоксид;[6] up to 2⋅1010 молекули/cm3 молекуларен кислород(O2)[7] | ||||||||
Калиста е составена од приближно еднакви количини на карпи и мразови, со густина од околу 1,83 г/см3, најниска густина и површинска гравитација од поголемите Јупитерови месечини. Соединенијата откриени спектроскопски на површината вклучуваат мраз,[9] јаглерод диоксид, силикати и органски соединенија. Истражувањето на леталото Галилео откри дека Калиста може да има мало силикатно јадро и можеби подповршински океан на течна вода на длабочини поголеми од 100 км.
Површината на Калиста е најстара во Сончевиот Систем[10] и со најмногу кратери. Целата површина е со кратери создадени при влијанието на удари.[11] Не се покажуваат знаци на подземни процеси како тектонски пореметувања или вулкански ерупции. Без знаците на геолошка активност, се смета дека кратерите главно се развиле под влијание на удари. Површината се истакнува со прстеновидни структури, разни кратери, гребени и депозити. Во мал обем, површина е поинаква и се состои од мали, светкави замрзнати депозити на повисоките места, опкружени со ниско поставена, мазна покривка од темна материја. Се верува дека ова е резултат на деградација на мали земјишни облици со сублимација. Апсолутната старост на облиците не е позната.
Калиста е опкружена со исклучително тенка атмосфера составена од јаглерод диоксид и најверојатно молекуларен кислород, како и со прилично интензивна јоносфера. Калиста се смета дека се формирала со бавна акреција од дискот од гас и прашина којшто го опкружил Јупитер по неговото формирање. Постепената акреција на Калиста и недостатокот на приливни загревања значи дека немало доволна топлина за брза диференцијација. Бавната циркулација на воздухот во внатрешноста на Калиста, која започнала веднаш по формирањето, довело до делумна диференцијација и евентуално, до формирањето на подповршинскиот океан на длабочина од 100–150 км и мало, карпесто јадро.
Веројатното присуство на океан во Калиста ја остава отворена можноста дека таа би можела да поддржува живот. Се смета дека условите тука се поповолни од оние на околната Европа. Различни вселенски сонди од Пионир 10 и 11 до Галилео и Касини ја проучувале Калиста. Поради нејзините ниски нивоа на зрачење, Калиста долго време се смета за најсоодветно место за човечка база за идните истражување на Јовијанскиот систем.