Галилео Галилеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Галилео Галилеј (италијански: Galileo Galilei; 15 февруари 1564 , Пиза — 8 јануари 1642 , Арчетри) — тоскански астроном, филозоф и физичар.
Се смета дека го изумил првиот прост вид на телескопот, ги открил првиот и вториот закон за движењето и ги ширел Коперниковите погледи за поставеноста на Сончевиот Систем. Честопати се нарекува „татко на современата астрономија“, или „татко на науката“.
Поради своите откритија Галилеј доаѓа во судир со Инквизицијата, при што е принуден да се откаже од своите ставови.