From Wikipedia, the free encyclopedia
Иранска Висорамнина (персиски: فلات ایران) — геолошка образба во Западна и Средна Азија. Претставува дел од Евроазиската Плоча, сместен помеѓу Арапската и Индиската. Се граничи со Загрос на запад, Каспиското Море и Копет Даг на север, Ормускиот Проток и Персискиот Залив на југ и реката Инд на исток од Пакистан.
Ова историско подрачје ги опфаќа некогашните земји Партија, Медија и источна Персија, внатрешност на Иран и неодамна изгубените територии.[1] Системот Загрос ја сочинува западната граница на висорамнината.
Од Каспиското Море на северозапад до Балучистан ја југоисток, висорамнината се протега во должина од 2.000 км. Го опфаќа поголемиот дел од Иран, како и Авганистан и Пакистан западно од Инд. Подрачјето може да се замисли како четириаголник помеѓу градовите Тебриз, Шираз, Пешавар и Квета и зфаќа површина од околу 3.700.000 км2. Макар што се нарекува „висорамнина“, подрачјето не е рамно, туку има повеќе планински венци. Највисока планина е Демавенд (5.610 м) во состав на Алборз), а најниско место е пустината Деште Лут источно од Керман во централен Иран, на надморска височина под 300 м.
Во потесна геолошка смисла, висорамнината се однесува на подрачјето со големи набори настанато со судир помеѓу Арапската и Евроазиската Плоча и не го офпаќа југозападен Иран. Се протега од покраината Источен Азербејџан во северозападна Персија, па сè до Пакистан, западно од реката Инд. Опфаќа и помали делови од Азербејџан и Туркменистан.
Планинските венци можат да се поделат на пет области.[2] Северозападниот дел почнува од местото кајшто се спојуваат Понт и Таур и има повисоки предели, посурова клима и повеќе врнежи од Анадолската Висорамнина. Подрачјето се нарекува Антитаур (Аладаглар), чии планини имаат просечна надморска височина од 3.000 м. Највисоката планина во Турција, Арарат (5.137 м) е дел од Антитаур. Во овие предели е сместено и езерото Ван, на надморска височина од 1.546 м.
Во Антитаур извираат најголемите реки во подрачјето. Аракс тече на исток и се влева во Каспиското Море, а Тигар и Еуфрат течат на југ, влегуваат во Ирак и завршуваат во Персискиот Залив. Порај тоа, тука извираат и помали водотеци што се влеваат во Црното Море и езеото Ван. Реката Инд извира во Тибет и тече низ цел Пакситан, исцртувајќи ја источната граница на Иранската Висорамнина.
Југоисточна Анадолија се наоѓа на југ од Антитаур. Има благи ридови и широки висорамнински предели што навлегуваат во Сирија. Висината постепено се намалува од 800 м на север до 500 м на југ. Најважни земјоделски култури се пченицата и јачменот.
Реки:
Пустини:
Во бронзеното време, царството Елам преку Загрос, поврзувајќи ја Месопотамија со Иранската Висорамнина. Во централниот дел веројатно се наоѓало кралството Арата.
Во времето на Александар Македонски, подрачјето се нарекувало Персија како земја на Ахеменидите кои потекнувале од Фарс.
За време на Сасанидското Царство, државата почнала да се нарекува Еран, што останува до денес како „Иран“.
Во минатото, на висорамнината преовладувале дабот и тополата. Денес дабовите шуми се среќаваат претежно околу Шираз. Виреат и повеќе други видови како јасика, брест, јасен, врба, орев, бор и чемпрес, но последните две се ретки. Во 1920 г. тополата се одгледувала за изработка на врати, а од брестот се правеле плугови. Како украс се користеле акацијата, чемпресот и туркестанскиот брест. Од цвеќињата, најзастапени се јоргованот, јасминот и розите. Често се среќаваат белиот глог и Јудиното дрво и наоѓаат примена во плетењето кошници.[3]
Покрај стопанското шумарство во помали размери (дрвена граѓа за врати, плугови и кошници), на висорамнината е застапено овоштарството со круши, јаболка, кајсии, дуњи, сливи, сливопраски, цреши, црници и праски, а во потоплите краишта и бадеми и ф’стаци. Се одгледуваат и урми, портокали, грозје, дињи и лимети. Нивите се посадени со зеленчукови насади како компир, карфиол, зелка, домати, артичоки, краставици, спанаќ, роткви, марули и модри патлиџани.[3]
Развиено е и полјоделското стопанство, со житни и индустриски култури како пченица, јачмен, просо, грав, опиум, памук, луцерка и тутун. Се догледува сусам сусам за добивање на сусамово масло. Во покраината Керман се догледува ким.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.