Елизабета II
кралица на Обединетото Кралство и земјите од Комонвелтот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Елизабета II (англиски: Elizabeth II) цело име: Елизабета Александра Мери Виндзор (21 април 1926 - 8 септември 2022) — поранешна кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт. Стапила на престолот во 1952 г. и владеела сè до нејзината смрт во 2022 г.
Елизабета II | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Раководител на Комонвелтот | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Елизабета II во 1959 г. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Кралица Комонвелтот
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На престол | 6 февруари 1952—8 септември 2022 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Крунисување | 2 јуни 1953 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Џорџ VI | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Чарлс III | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Премиери | список | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 21 април 1926(1926-04-21) Мејфер, Лондон, Англија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Починал(а) | 8 септември 2022(2022-09-08) (возр. 96) Балморал, Шкотска | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сопружник | Принц Филип, Војвода од Единбург | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Деца Detail |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Династија | Виндзор | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Татко | Џорџ VI | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мајка | Елизабета Боуз-Лајон | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вероисповед | Англиканска црква и Црква на Шкотска | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Потпис |
Покрај Обединетото Кралство, Елизабета II била и Кралица и на Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, Барбадос, Бахамите, Гренада, Папуа Нова Гвинеја, Соломонски Острови, Тувалу, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Антигва и Барбуда, Белиз и Сент Китс и Невис. Во секоја од овие држави, била претставена од Генерален гувернер. 16 земји во кои била кралица се познати како кралства на Комонвелтот. Нивното вкупно население брои 129 милиони жители. Теоретски, нејзината моќ била огромна, но во пракса и според конвенциите, таа лично никогаш не се впуштала во политички прашања. Сепак, особено во Велика Британија, позната е по тоа дека била активна во кулоарската политика и во работите на државата, и редовно се среќавала на работни средби со министрите од Владата.
Елизабета II држела и низа други позиции, меѓу нив и шеф на Комонвелтот, врховен поглавар на Англиканската црква, војвотка на Нормандија, Господар на островот Ман, врховен командант на армијата на Велика Британија, врховен командант на армијата на Канада, врховен адмирал на морнарицата итн.
Елизабета II била една од најдолго владеачките монарси во историјата, и исто така единствена која е водач на повеќе од една држава истовремено (заедно со претседателот на Франција кој истовремено е и ко-принц на Андора. Како што некои од колониите на Британскиот Комонвелт (денешен Комонвелт) се здобивале со независност од Велика Британија за време на нејзиното владеење, таа станувала кралица на новопрогласените независни држави.
Во 1947 г. се омажила за принцот Филип,[1] војводата од Единбург, роден како принц од Грција и Данска, но по натурализацијата во Англија познат како Филип Маунтбатен. Имале 4 деца и повеќе внуци.