Света Луција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Света Луција (англиски: Saint Lucia, француски: Sainte-Lucie) — островска држава во Средна Америка, поточно дел е од Карипските Острови Мали Антили. Источно до државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно од државата се наоѓа Карипското Море. Северно од Света Луција се наоѓа Свети Винцент и Гренадините, северозападно се наоѓа Барбадос и јужно се наоѓа зависниот остров Мартиник. Вкупната површина на земјата изнесува 620 км2 каде живеат околу 160.000 жители. Главен град на Света Луција е Кастри.
Света Луција Saint Lucia (англиски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Земјата, Народот, Светлината" | ||||||
Химна: Sons and Daughters of Saint Lucia Синови и ќерки на Света Луција |
||||||
Главен град | Кастри 14°1′N 60°59′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | антилски креолски, англиски | |||||
Демоним | Светолуциец | |||||
Уредување | уставна монархија | |||||
• | Монарх | Чарлс III | ||||
• | Генерален гувернер | Невил Сенак | ||||
• | Премиер | Филип Пјер | ||||
Независност | ||||||
• | од Обединетото Кралство | 22 февруари 1979 | ||||
Површина | ||||||
• | 620 км2 (193-та) | |||||
• | Вода (%) | 1.6 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2009 | 173.765 | ||||
• | Густина | 298 жит/км2 (41-ва) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $1.827 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $10.750[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $987 милиони[1] | ||||
• | По жител | $9.907[1] | ||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.714[2] висок · 97ма |
|||||
Валута | Долар (XCD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC−4) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .lc | |||||
Повик. бр. | +1-758 |
Први колонизатори на Света Луција биле Французите. Тие потпишале договор со месното население во 1660 година. Во периодот од 1663 до 1667 година Света Луција била преземена од Велика Британија, но долг период владеењето на островот се менувал помеѓу Франција и Велика Британија. Во 1814 година Битанија конечно воспоставила целосна власт на островот. Својата независност Света Луција ја добила на 22 февруари 1979 година.[3] Света Луција е член на Комонвелтот на нации и на Франкофонијата.[4]