From Wikipedia, the free encyclopedia
Принц Филип (10 јуни 1921 , Крф[1][3] — 9 април 2021 , Виндзор) — сопруг на кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета II.
Принц Филип | |
---|---|
Принцот Филип во 1992 година | |
На позиција | 6 февруари 1952 – 9 април 2021 ( 72 години и 272 дена) |
Војвода од Единбург | |
На позиција | 20 ноември 1947 – 9 април 2021 ( 76 години и 350 дена) |
Сопружник | Елизабета II |
Деца | Чарлс Ана Принц Ендрју Едвард |
Династија | Династија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург |
Татко | Принц Андреј |
Мајка | Алиса Батенберг |
Вероисповед | англиканство претходно. православие |
Потпис | Принц Филип's signature |
Филип бил син на принцезата Алиса Батенберг и принцот Андреј, кој пак е четврти син на грчкиот крал Георги I и Олга Константиновна. Во текот на Втората светска војна, Филип учествувал во служба на британската морнарица. Тој склучил брак со тогашната принцеза Елизабета во 1947 година. По свадбата ја добил титулата принц Филип, Војвода од Единбург. Една година подоцна се родило и нивното прво дете, принцот Чарлс. Потоа во 1950 година се родила Ана, во 1960 Принц Ендрју и во 1964 Едвард.
Неговата сопруга на британскиот престол се качила во 1952 година, по неочекуваната смрт на Џорџ VI, нејзиниот татко.
Принцот Филип на Грција и Данска е роден во Мон Репос на Крф, на 10 јуни 1921 година, како петто дете и единствен син на принцот Андреј и Алиса Батенберг.[4] Неговите четири постари сестри се: принцезата Маргарита, принцезата Теодора, принцезата Сесилија и принцезата Софи. Крстен е во грчка православна црква на Крф. Во септември 1922 година, новата воена влада во Грција го избркала такото на принцот Филип од Грција,[5] па така британскиот брод „Калипсо“ го евакуирал семејството на принцот Андреј. Прво семејството на Филип заминале за Франција, и се сместиле во Париз во куќата на неговата богата тетка, принцезата Мари Бонапарт.[6]
Бидејќи Филип бил изнесен од Грција како бебе, тој не го научил добро грчкиот јазик. Во 1992 година, изјавил дека може да разбере само малку.[7] Филип изјавил дека себе се смета за Данец, и дека неговото семејство се зборува англиски, француски и германски јазик.[7]
Школувањето на Филип започнало во американското училиште во Париз, Елмс,[8] Во 1928 година, го испратиле во Велика Британија да учи во училиптето Чим, а за тоа време живеел кај бабата од мајчина страна, Викторија фон Хесен-Дармштат, во Кензингтонската палата и кај чичко му, Џорџ Маунтбете, во Беркшир.[9] Во наредните години, неговите сестри се омажиле за германски принцеви и се преселиле во Германија, мајка му била сместена во болница откако ѝ дијагностицирале шизофренија,[10] а татко му се преселил во Монте Карло.[11] Во 1933 година, Филип бил испратен да учи во Германија, со што семејството заштедувало пари, бидејќи сопственик на училиштето бил негов роднина.[12] По две години, се префрлил во училиште во Гордонстоун во Шкотска. Во 1937 година, неговата сестра Сесилија со семејството загинала во авионска несреќа, а наредната година, неговиот чичко Лорд Милфорд починал од рак на коскената срж.[13]
Филип станал кадет на британскиот Кралски морнарски колеџ, а потоа со мајка му се вратил да живее во Атина кон средината на 1939 година. По налог на грчкиот крал, Ѓорѓи II, се вратил во Британија во септември на тренинг во Кралската воена морнарица.[14] Наредната година ја завршил обуката како најдобар кадет.[15] За време на Втората светска војна, служел во британските сили, додека двајца од неговите зетови, Принц Кристоф од Хесен и Бертолд Баденски, се бореле од германска страна.[16] Филип поминал четири месеци на воен брод во Индиски Океан, а потоа на веон брод кај Цејлон, денес Шри Ланка).[17] По италијанската инвазија на Грција во октомври 1940 година, бил префрлен на брод во Средоземно Море.[18]
Покрај другите борби, Филип учествувал во Битката за Крит и во Битката кај Матапан,[8] за што му бил доделен грчки воен крст за храброст.[15]
На 16 јули 1942 година станал полковник на кралската морнарица,[19] а во октомври истата година станал прв полковник на бродот Валас, на 21 годишна возраст. Учествувал со бродот за време на инвазијата на Сицилија, во јули 1943 година, а во 1944 година, се преместил на бродот Велп.[20][21] Во моментот на потпишување на капитулацијата на Јапонија, Филип се наоѓал на брод во Токискиот Залив. Во јануари 1946 година, Филип се вратил во Велика Британија, и бил назначен за инструктор во офицерското училиште во Коршам, Вилтшир.[22]
Во 1939 година, кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета го посетиле британскиот Кралски морнарски колеџ, каде учел Филип, и бил замолен да ги придружува ќерките на кралот, Елизабета и Маргарета. Елизабета се вљубила во Филип, и тие почнале да се допишуваат. Во тоа време, таа имала 13 години.[23] Во летото 1946 година, Филип ја побарал раката на Елизабета од татко ѝ. Кралот се согласил, но рекол дека официјална веридба и венчавка може да има откако Елизабета ќе наполни 21 година, а тоа било наредната година во април.[24] Во март 1947 година, Филип се откажал од грчките и данските кралски титули, го зел презимето Маунтбатен, семејно презиме од страна на мајка му, и станал Британец. Венчавката била јавно објавена на 10 јули 1947 година.[25] Кентерберискиот архиепископ, Џефри Фишер, сакал Филип да биде дел од англиската црква,[26] а тоа се случило во октомври 1947 година.[27] Еден ден пред венчавката, кралот Џорџ VI му доделил на Филип титула Кралско височество, а утрото на венчавката, на 20 ноември 1947 година, титулите Војвода од Единбург, Ерл од Мерионет, и Барон од Гринич.[28]
Филип и Елизабета се венчале на церемонија одржана во Вестминстерската опатија, со директен пренос на BBC радио, што го следеле 200 милиони луѓе во светот.[29] Но, бидејќи било скоро по Втората светска војна, не биле поканети сестрите на Филип, сите три мажени за германски принцеви, некои од нив биле во нацисти. Нивниот брак засега е најдолготраен од сите кралски бракови во Британија.[30][31]
Филип станал член на Домот на лордови на 21 јули 1948 година,[32] и никогаш не говорел таму.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.