Тувалу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тувалу — полинезиска островска држава во Тихиот Океан на полпат помеѓу Хаваите и Австралија, јужно од екваторот и во близина на Кирибати.
Tuvalu Тувалу |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Tuvalu mo te Atua“ (тувалски) „Тувалу за Семоќниот“ |
||||||
Химна: Tuvalu mo te Atua (тувалски) Тувалу за Семоќниот |
||||||
Главен град | Фунафути 8°31′S 179°13′E | |||||
Службен јазик | тувалски, англиски | |||||
Независност | ||||||
• | од Велика Британија | 1 октомври 1978 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 26 км2 (226та) | ||||
• | Вода (%) | занемарливо | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2009 г. | 12,373[1] (213та) | ||||
• | Густина | 475,88 жит/км2 (22ра) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2002 г. | |||||
• | Вкупен | $14.94 милиони (228ма) | ||||
• | По жител | $1,600 (проценка за 2002) (148ма) | ||||
Часовен појас | (UTC+12) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .tv | |||||
Повик. бр. | 688 |
Се состои од девет корални атоли од кои осум се населени, од каде доаѓа името на земјата, кое на тувалски јазик значи „Осум стојат заедно“. Со исклучок на Ватикан, тоа го има најмалиот број на жители помеѓу независните нации. Тувалу порано беше познат како Елисови Острови.
Поради нивната мала висина (макс. 5 метри), островите кои ја сочинуваат оваа нација се загрозени од каков било пораст на морското ниво. Населението може ќе се евакуира во текот на следните децении во Нов Зеланд, или Ниуе, мал тихоокеански остров (автономен, но поврзан со Нов Зеланд), што не е загрозен од порастот на морското ниво, но има население во опаѓање.
Ваиаку, главното село, на атолот Фунафути, се наоѓа на островот Фонгафале кој е долг 12 километри. Тувалу е член на комонвелтот. Голем дел од државниот буџет доаѓа од приходите од продажба на .tv интернет домени.
На 29 јуни 2011 г. Тувалу воспоставил дипломатски односи со Република Македонија, признавајќи ја под уставното име[2].