Европа
континент / From Wikipedia, the free encyclopedia
Европа — еден од седумте светски континенти. Името Европа потекнува од асирскиот збор Ереб (заоѓање на Сонцето, запад), со кој Феничаните и Асировавилонците ги означувале териториите на запад. Подоцна тоа име се проширило за целиот западен дел од копното Европа. Опфаќајќи го најзападниот полуостров на Евроазија, Европа на исток се дели од Азија со водната дренажа на планината Урал, реката Урал, Каспиското Езеро, областа Кавказ и со Црното Море на југоисток.[2] Европа на север е обиколена со Северноледениот Океан и други водни површини, на запад со Атлантскиот Океан, на југ со Средоземното Море и Црното Море и со други водни патишта на југоисток. Сепак границите на Европа - концепт кој датира уште од антиката-се произволни, бидејќи самиот поим континент може да има културно или политичко значење или пак физиогеографско.
Површина | 10.180.000 км2o[›] |
---|---|
Население | 731.000.000o[›] (март 2009) |
Густина | 70/км2 |
Демоним | Европејци |
Земји | 50 |
Јазици | Список на јазици |
Часовни појаси | UTC до UTC+5 |
НДД | .eu (Европска унија) |
Најголеми градови |
Европа е вториот најмал континент во светот според површина, опфаќајќи 10.180.000 км2 или 2% од целокупната површина на Земјата или околу 6.8% од Земјината површина. Од приближно 50 држави во Европа, Русија е најголема и површински и според населеност (иако државата се протега и низ Европа и низ Азија), додека Ватикан е најмала. Европа е третиот најнаселен континент по Азија и Африка, со популација од 731 милиони или околу 11% од светското население.
Европа, особено Стара Грција, е родно место на западната култура[3]. Европа има многу значајна улога во светските настани од XVI век па натаму, особено по почетокот на колонизацијата. Помеѓу XVI. и XX век, европски нации ги имаат контролирано Америка, најголем дел од Африка, Океанија и големи делови од Азија. Двете светски војни во најголем дел се фокусирани на Европа, придонесувајќи до одредени судири настанати во средината на XX век помеѓу САД и Советскиот Сојуз.[4] За време на студената војна, Европа е поделена со железна завеса помеѓу НАТО на запад и Варшавскиот пакт на исток. Европската интеграција доведува до создавање на Советот на Европа и Европската Унија во Западна Европа, кои се прошируваат источно по падот на Советскиот Сојуз во 1991.