Север
From Wikipedia, the free encyclopedia
Север е правец во географијата и една од четирите страни на светот. Се наоѓа на спротивната страна од југ и на 90 степени од исток и запад. Во навигацијата со компас, север е означен со агол од однос 0° или 360°.
Географски север е во насоката на северниот крај на оската околу која се врти земната топка, завршувајќи со Северниот Пол.
Магнетен север е во насоката на северната магнетна точка која варира и е обично далеку од северниот географски пол.