Исток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Исток е правец во географијата и една од четирите страни на светот. Се наоѓа на спротивната страна од запад и на 90 степени од север и југ. Исток е правецот во кој Земјината топка се врти околу нејзината оска и насоката од која очигледно изгрева сонцето. Во навигацијата со компас, исток е означен со агол од однос 90°.