Урал (планина)
планински венец во Русија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Урал или „Уралски Планини“ (руски: Ура́льские го́ры; башкирски: Урал тауҙары) — планински венец што се протега по линијата север-југ низ западниот дел на Русија, од брегот на Северноледениот Океан до реката Урал и северозападен Казахстан.[1] Источната страна на венецот се смета за граница помеѓу Европа и Азија. Островите Вајгач и групата Нова Земја претставуваат продолжеток на масивот северно кон полот.
За други значења на поимот, погл. Урал (појаснување).
Кратки факти Урал, Највисока точка ...
Урал | |
---|---|
Највисока точка | |
Врв | Народнаја |
Надм. височина | 1.895 м |
Величина | |
Должина | 2.500 км |
Ширина | 150 км |
Географија | |
Земји | Русија и Казахстан |
Геологија | |
Период | карбон |
Затвори
Планините се сместени во географското подрачје Урал, кое во голема мера одговара на Уралскиот федерален округ и Уралскиот економски регион. Богати се со најразлични руди како метали, камен јаглен, драги и полудраги камења. Ова е главното рудно подрачје на Русија уште од XVIII век.