Е3 Харелбеке 2015
велосипедска трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Е3 Харелбеке 2015 — 58. издание на велосипедската трка Е3 Харелбеке. Се одржала на 27 март и била шеста трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Бранителот на првакот бил Петер Саган (Тинкоф-Саксо), кој го освоил изданието во 2014 година во спринт на четворица.[3] Трката, иако важна како дел од пролетните класици, е гледана како важна трка за подготовка на возачите за Трката околу Фландрија 2015, еден од велосипедските монументи која се одржува на истите патишта наредната недела.[4]
Светска турнеја на UCI 2015, трка 6 од 28 | |||
Герајнт Томас (победник) Здењек Штибар (2. место) и Матео Трентин (3. место) | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 27 март 2015 | ||
Растојание | 215,3 км | ||
Време | 5ч 15' 00" (41,0 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | ![]() |
(Тим Скај) | |
Втор | ![]() |
(Етикс-Квик Степ) | |
Трет | ![]() |
(Етикс-Квик Степ) | |
← 2014 2016 → |
Е3 Харелбеке се одржува во областа Фландрија, започнувајќи и завршувајќи во градот Харелбеке. Основната тешкотија на трката е низата кратки искачувања познати како „хелинген“ (hellingen), некои од нив со калдрма; поголемиот дел од нив се во средниот дел на трката, со главно рамен завршен дел.[5]
Клучниот потег на трката бил направен на Ауде Кваремонт од Герајнт Томас (Тим Скај), Здењек Штибар (Етикс-Квик Степ) и Петер Саган. Тројцата возачи заедно возеле околу 30 километри, одржувајќи разлика со главната група. На околу четири километри пред крајот, Томас нападнал и успеал да оствари соло победа. Станал британски возач кој ја освоил трката.[6] Штибар бил зад него и успеал да дојде до второто место, но Саган бил достигнат од главната група. Колегата на Штибар, Матео Трентин, го освоил масовниот спринт за третото место.
Друга главна особеност на трката била низата на падови. Сеп Ванмарке (Лото НЛ-Џамбо) се слизнал на Патерберг, иако поминал без последици единствено со оштетени патики; меѓутоа, поголемиот пад на почетокот на трката предизвикал значајни проблеми на бројни возачи. Најлошо погоден бил Фабијан Канчелара (Трек Фактори Рејсинг), еден од главните фаворити за победа; скршил две ребра, што го ставило надвор од остатокот на сезоната на класиците.