![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a4/EM_of_influenza_virus.jpg/640px-EM_of_influenza_virus.jpg&w=640&q=50)
Грип
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грипот (или инфлуенца) — заразна болест предизвикана од вирусите на рибонуклеинската киселина (од фамилијата на вирусите на грипот) која најчесто ги напаѓа птиците и цицачите. Најчести симптоми коишто се јавуваат при оваа болест се треска, настинкa, воспалено грло, болки во мускулите, неподносливи главоболки, кашлање, изнемоштеност или омалаксаност и неудобност. Иако грипот често се заменува со други болести кои се слични на грипот особено со обичната настинка, тој е многу посериозна болест и се предизвикува од друг тип на вирус.[1] Особено кај децата грипот може да предизвика гадење и повраќање,[2] но овие симптоми најчесто се јавуваат кај многу поразличниот гастроентерит, кој понекогаш се нарекува и ‘’ стомачен вирус ‘’ или ‘’ 24 часовен вирус ‘’ .[3]
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a4/EM_of_influenza_virus.jpg/640px-EM_of_influenza_virus.jpg)
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Грип | |
---|---|
![]() | |
Микроскопски преглед на вируси кои предизвикуваат грип (зголемено 100.000 пати) | |
Специјалност | Family medicine, пулмонологија, заразна болест, ургентна медицина ![]() |
![]() | Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Обично, грипот се пренесува преку воздухот со кашлање или кивање, создавајќи аеросоли коишто го содржат вирусот. Исто така грипот може да се пренесе и преку директен контакт со птичји измет или со назалните секрети, или во контакт со загадени површини. Се смета дека аеросолите во воздухот се главните виновници за повеќето инфекции, а фактот дека се главна причина за пренесувањето сè уште не е докажан.[4] Вирусите на грипот можат да се уништат преку сончева светлина, со средства за дезинфекција и со детергенти.[5][6] Бидејќи сапунот го уништува вирусот, ризикот од заболување се намалува со почесто миење на рацете.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ea/H1N1_navbox.jpg/640px-H1N1_navbox.jpg)
Грипот се шири насекаде низ светот во сезонски епидемии од кои секоја година околу 500.000 луѓе го губат својот живот. Кога годината е пандемична, бројката го надминува и милионот. Од 1979 година до 2001 година во САД просечно околу 41.400 луѓе починаа од грип. Во 2010 год, од Центарот за контролирање на болести во САД го сменија извештајот за триесетгодишната проценка на смртната стапка. Сега годишно се регистрирани помалку смртни случаи, од 3.300 па сè до 49.000.[7] Во XX век се појавија три пандемии на грип и однесоа 10 милиони човечки животи. Тие беа предизвикани со појавата на нов вид на вирус кај луѓето. Најчесто, овие нови видови се појавуваат кога веќе постојниот вирус на грипот се пренесува од некои други видови животни на луѓето, или пак кога постојниот вид на вирус кај човекот собира нови гени од вирусот што најчесто ги напаѓа птиците или свињите.Откако во Азија во деведесеттите години се појави птичјиот вирус H5N1, тој предизвика голема загриженост од нова пандемија на грип, меѓутоа не се разви во форма која лесно се распространува меѓу луѓето. Во април 2009 година, се разви нов вирус на грип со комбинирани гени од човек, свиња и од птичји грип, кој најпрво беше наречен ‘’ свински грип” или грип А/ H1N1. Се појави во САД - Мексико и во некои други земји.На 11 јуни 2009 година, Светската Здравствена Организација официјално прогласи дека избувнувањето на вирусот е пандемично. Изјавата на СЗО "пандемично ниво" 6 беше показател за распространетост, меѓутоа изјавата беше несериозна бидејќи овој вид на вирус всушност има помала смртна стапка отколку сезонскиот. Вакцинирањата против грип најчесто им се достапни на луѓето од развиените земји. Живината најчесто се вакцинира за да се избегне целосно уништување. Најпознатата вакцина наменета за луѓето е тривалентната вакцина против грип “ TIV “ која содржи чисти и неактивни антитела против трите вирусни видови. Обично оваа вакцина содржи дел од двата А поттипови на грип и од Б типот. Со“TIV” нема ризик од пренесување на болеста и постои мала веројатност за повторување. Бидејќи грипот брзо се развива и старите видови на вирусот веднаш се заменуваат со нови, вакцината која што била примена во текот на една година може да не биде ефикасна во наредната. Грипот може да се лекува со лекови против вирусот и со најефикасните антибиотици.