Арктикот — поларен регион што се наоѓа на најсеверниот дел од земјата. Арктикот се состои од Северноледениот Океан, соседните мориња и делови од Алјаска (САД), Канада, Финска, Гренланд (Данска), Исланд, Норвешка, Русија и Шведска. Земјиштето во регионот на Арктикот има сезонски различна покривка од снег и мраз, со пермафрост без дрвја (трајно замрзнат подземен мраз) кој содржи Тундра. Арктичките мориња содржат сезонски морски мраз на многу места.
Арктичкиот регион е уникатна област меѓу екосистемите на Земјата. Културите во регионот и домородното население на Арктикот се имаат прилагодено на неговите студени и екстремни услови. Животот на Арктикот вбројува зоопланктон и фитопланктон, риби и морски цицачи, птици, копнени животни, растенија и човечки општества.[1] Земјата на Арктикот се граничи со субарктикот.
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.