село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Горна Бошава — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.
Горна Бошава | |
Поглед на селото | |
Координати 41°16′58″N 22°06′26″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Бошава |
Население | 22 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1437 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 590 м |
Слава | Илинден |
Горна Бошава на општинската карта Атарот на Горна Бошава во рамките на општината | |
Горна Бошава на Ризницата |
Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, од десната страна на реката Бошава, чиј атар со долг и тесен облик, се издига до сртот на Кожуф, каде што се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 590 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 21 километар.[2]
Селото има заеднички атар со соседното село Долна Бошава, којшто зафаќа простор од 43,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.916,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 827,8 хектари, а на обработливото земјиште 550,5 хектари.[2]
Селото се наоѓа на пространа тераса на десната и осојничава страна на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има збиен тип. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]
Селото е основано околу 1830 година од разни бегалци. Основачите („темејлије“) покрај сточарство барале и места за ниви, а на беговите плаќале „ќесим“.[3]
Во XIX век, Горна Бошава било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Селаните живееле од стока и од планината. Нивите се ретки и неплодни.[3]
Во селото има неколку стада на кози, како и едно стадо од стотина крави. Има една продавница која ги задоволува основните потреби за жителите на Горна Бошава.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селата Горна и Долна Бошава имало 625 жители, сите Македонци христијани.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Во 1961 година селото броело 331 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на 56 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Горна Бошава имало 52 жители, од кои 51 Македонец и 1 Србин.[6]
Во селото постојано живеат околу триесетина жители, а за време на летниот период има повеќе поради неколкуте новоизградени викендички.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 14 Македонци и 8 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 625 | — | 413 | 400 | 331 | 253 | 121 | 73 | 56 | 52 | 22 |
Како родови во Горна Бошава се споменуваат:[3]
Основното училиште „Илинден“ кое е изградено пред 50-тина години, имало капацитет од 300 ученици кои наставата ја слушале во ова училиште а доаѓале од околните села како: Долна Бошава, Конопиште, Рожден, Страгово и Крњево. Денес, училиштето е затворено.
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Крњево, во која влегувале селата Барово, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Страгово и Стрмашево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Горна Бошава се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Во селото постои избирачко место бр. 0705 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.