Бојанчиште
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Бојанчиште — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
Бојанчиште | |
Поглед на селото | |
Координати 41°15′45″N 22°01′45″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Население | 15 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1437 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11003 |
Надм. вис. | 900 м |
Слава | Свети Врачи (во минатото) Свети Архангел Михаил (денес) |
Бојанчиште на општинската карта Атарот на Бојанчиште во рамките на општината | |
Бојанчиште на Ризницата |
Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, чиј атар лежи на водоразделот помеѓу Црна Река и Бошавица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 25 километри.[2]
Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 31,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.292,6 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 429,1 хектар, а на обработливото земјиште отпаѓаат 418,3 хектари.[2]
Селото е од збиен карактер со разредени краеви. Било поделено на Горно Маало (или Старо Село) и Долно Маало (или Зборштани).[3]
Селото било христијанско од чифлички тип. Само мал дел од родовите се староседелци.[3]
Во XIX век, Бојанчиште било село во нахијата Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото има мешовита земјоделска функција, но таа денес не е толку искористена.[2]
Селаните повеќе живееле од сточарство, отколку од земјоделство.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бојанчиште имало 390 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бојанчиште имало 400 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]
Од селото се иселил значителен дел од населението и тоа преминало од средно во мало село. Во 1961 година броело 448 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 60 жители македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Бојанчиште имало 45 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 13 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 390 | 400 | 545 | 508 | 448 | 282 | 93 | 59 | 60 | 45 | 15 |
Како родови во Бојанчиште се споменуваат:[3]
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Бојанчиште, во која се наоѓале селата Бојанчиште, Конопиште и Куманичево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Бојанчиште се наоѓале селата Клиново, Мрежичко и Рожден.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0710 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бојанчиште, Клиново и Куманичево, кое е сместено во зграда на општината, поранешно основно училиште во селото Бојанчиште.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15]
Личности родени во Бојанчиште:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.