Рожден
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Рожден — село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.
Рожден | |
Панорама на селото | |
Координати 41°11′12″N 21°57′10″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Мариово |
Население | 5 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1437 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11036 |
Надм. вис. | 920 м |
Рожден на општинската карта Атарот на Рожден во рамките на општината | |
Рожден на Ризницата |
Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел од Општина Кавадарци, под источната падина на планината Козјак, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 920 метри.[2]
Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 81,9 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 6.939 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 436 хектари, а на пасиштата 270 хектари.[2]
Во XIX век, Рожден било седиште на село истоимената нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рожден имало 984 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рожден имало 640 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 900 Македонци.[5]
Од селото се иселил поголем број од населението и тоа преминало од средно во мало село, населено со македонско население, но денес доведена во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото броело 681 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на само 27 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Рожден имало 21 жител, од кои 19 Македонци и 2 Срби.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 2 Македонци и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Рожден, во која влегувале селата Клиново и Рожден.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Рожден се наоѓале селата Бојанчиште, Клиново и Мрежичко.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Во селото постои избирачко место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, Р’жаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 43 гласачи.[15]
Рожден има голем број на археолошки наоѓалишта, од кои највеќето се од доцната антика, и многу од нив се потесно поврзани со металообработката како главна стопанска гранка во тоа време.[17]
Во Рожден од 1980 година редовно на Ѓурѓовден се одржуваат „Рожденски средби“ на кои доаѓаат сите иселеници од местото. Во присуство на две до три илјади луѓе се спроведуваат црковни обреди со јавни наддавања за донирање на разна стока од чија продажба се собираат средства за црквата. На овие средби учество земаат и естрадни уметници, а се држи и говор за загинатите од НОБ, по што следи полагање венец крај споменикот на 11. жртви од НОБ со кои Рожден е второто село од Општина Кавадарци по бројот на загинати војници по Ваташа. Средбите се со долга традиција и тоа е прилика во која се среќаваат роднините и пријателите по потекло од ова село, кои живеат во странство и специјално доаѓаат за средбата.
Од 2016 година, низ селото поминува патеката за долгиот маратон во планински велосипедизам на дводневниот фестивал на отворено Алшар - допри го сонцето, кој се одржува во текот на јуни.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.