Шкотски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шкотски јазик (Gàidhlig [ˈkaːlikʲ] ( слушнете)) — јазик од групата на гојделски јазици во состав на келтското јазично семејство, што го прави различен од британските јазици каде се наоѓаат велшкиот, корнскиот и бретонскиот. Шкотскиот, манскиот и гелскиот се сите потомци на средноирскиот јазик, кој пак потекнува од староирскиот јазик и примитивниот ирски јазик.
- Не го поистоветувајте со германскиот шкотски јазик.
Шкотски јазик | |
---|---|
Gàidhlig | |
Изговор | [ˈɡaːlɪkʲ] |
Застапен во | Шкотска Канада САД Австралија |
Подрачје | Шкотска Нова Шкотска Онтарио. |
Говорници | 58.552 во Шкотска.[1] |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | шкотска азбука |
Статус | |
Службен во | Шкотска |
Регулативен орган | нема |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | gd |
ISO 639-2 | gla |
ISO 639-3 | gla |
Дистрибуција на гелските говорници во Шкотска во 2011 |
Во англискиот јазик овој јазик е именуван како шкотски гелски, за да се разликува од нецелосно признатиот германски шкотски јазик кој потекнува од староанглискиот.
Според пописот во 2001 година, овој јазик во Шкотска го зборувале околу 58.652 жители или 1,2 % од населението над три години.[2] Споредено со пописот од 1991 година, се забележува пад на јазикот за 7.300 жители. Поради тоа се имплементираат мерки за зачувување на јазикот, кои се покажале со одреден успех[3] и има млади говорници на јазикот[4].