Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Средноирски јазик (средноирски: Gaoidhealg, изговор: г’јелг, МФА: [ˈɡɯːʝeɫɡ]) — назив кој историските филолози му го имаат дадено на гелскиот јазик кој се зборувал од XX до XII век; затоа стој се смета за современик на доцниот староанглиски и раниот средноанглиски јазик.[1][2] Современите гелски јазици: ирскиот, шкотскиот гелски и манскиот произлегуваат од средноирскиот јазик.
Средноирски Gaoidhealg | ||
---|---|---|
Изговор: | г'јелг [ˈɡɯːʝeɫɡ] | |
Зборуван во: | Ирска, Шкотска, Ман | |
Исчезнување: | се развил во класичен ирски околу XII век | |
Јазично семејство: | Индоевропски Келтски Островски келтски Гелски Средноирски | |
Писмо: | Латиница | |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1: | нема | |
ISO 639-2: | mga | |
ISO 639-3: | id=mga mga |
Во врвот на неговата распространетост, средноирскиот јазик се зборувал ширум Ирска, Шкотска и Манскиот Остов; од Манстер до северноморскиот остров Инчколм. По географски опсег ова бил најраспространетиот од сите островски јазици пред доцниот XII век, кога средноанглискиот јазик почнал да се шири во Ирска, и многу келтски региони во северна и западна Британија.
Ретко кој средновековен европски јазик може да се мери со средноирскиот по книжевниот обем и зачуваната литература. Зачувувањето на јазикот во голема мера се должи на истрајноста на неколкумина ирски старинари од раното ново време, но самиот обем на зачувани саги, летописи, хагиографии, итн., укажува на тоа колкава доверба средновековните гелски учени редови имале во својот вернакулар. Речиси сѐ од Ирска е зачувано, но многу малку од Шкотска и Ман.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.