From Wikipedia, the free encyclopedia
Време, во смисла на мерлива единица или често нарекувано Њутново време — поим кој ја опишува идејата дека времето е обележано како движење по една линија (со континуитет или дис-континуитет) на истиот начин и на кој е изградена вселената. Овој тип на дефиниција се користи во физиката како и во економијата. Неокласичните економисти имплицитно ја прифаќаат оваа идеја за претставување на времето. На овој начин оваа теорија одигрува есенцијална улога во динамичните економски системи.
Сепак, ние не знаеме што е времето, но знаеме колку е часот. Софистицираните мерни апарати ни овозможуваат да го дознаеме точното време во делови од секундата, но не можеме да го дефинираме соодветно.
За раниот човек, минувањето на времето било во тесна врска со неговиот опстанок. Движењето на Сонцето и Месечината, како и смената на годишните времиња, станале основа за пресметување на времето. Од примитивните пресметувања на времето во минатото, денес ја имаме основата за мерките на времето. Набљудувањето на небото, во текот на огромен временски период, им овозможило на раните цивилизации да изработат форма на календар што се засновал врз движењето на Месечината. Древните цивилизации на Вавилон, Египет, Индија и Кина имале високо развиен систем за запишување на времето, а нивните календари се засновале врз движењето на месечината или на сонцето. Така, Египќаните знаеле дека годината има 365,25 дена, а нивните пресметувања се засновале врз изгревот на ѕвездата Сириус, која што се појавувала како најсјајна ѕвезда на небото. По освојувањата на Александар Македонски, многу култури ја прифатиле оваа поделба на годината.[1]
Сè до 45 година п.н.е. не бил направен сериозен обид да се координираат различните пресметувања на времето во познатиот свет. јулијанскиот календар, така наречен по Јулиј Цезар кој ја покренал реформата, денес е познат и како календар од стар стил. Останал во употреба сè до 1582 година, кога бил заменет со грегоријанскиот календар или календарот од нов стил.
Јулијанскиот календар инкорпорирал неколку реформи, меѓу кои спаѓаат: воведувањето на престапната година, укинување на месечевата година, фиксирање на должината на средната сончева година на 365,25 дена, прераспоредување на деновите во месецот, враќање на рамноденицата во месец март.
Грегоријанскиот календар извршил исправки на јулијанскиот календар во 1577 година, а стапил во сила 5 години подоцна, со дозвола од папата Грегори, на 15 октомври 1582 година по новиот стил. Тоа е календарот што и денес се употребува.
Новиот календар се вовел затоа што станало очигледно за астрономите дека годината од 365,25 дена не е соодветна со тропската година, која е за 11 минути побавна, а ова со текот на вековите донело разлика од цели 10 дена во 16 век. Ако овој расчекор не се корегирал, тогаш Нова година, Божик и другите значајни празници ќе паднеа во други сезони.
Единица | Траење | Забелешка |
---|---|---|
атосекунда | 1/1018 с | најмалиот измерен дел од времето |
наносекунда | 1/109 с | |
микросекунда | 1/106 с | |
милисекунда | 0.001 с | |
секунда | основна единична мерка | |
минута | 60 с | |
час | 60 минути | |
ден | 24 часа | |
недела | 7 дена | наречен и седмица |
месец | 28 - 31 дена | |
квартер | 3 месеци | |
година | 12 месеци | |
обична година | 365 дена | 52 недели + 1 ден |
престапна година | 366 дена | 52 недели + 2 дена |
тропска година | 365,24219 дена | просечно |
грегоријанска година | 365,2425 дена | просечно |
Олимпијада | 4 годишен циклус | |
деценија | 10 години | |
генерација | 17 - 25 години | просечно |
јубилеј (Библиски) | 50 години | |
век | 100 години | |
илјадалетие или милениум | 1000 години |
Постојат два метода за мерење на времето преку ротацијата на Земјата:
Овие два метода се разликуваат по тоа што немаат еднаква должина на денот. За поточно мерење на времето воведен е терминот среден сончев ден, што е приближно за четири минути подолг од сидералниот ден, кој се мери според ѕвездите.[2]
Поради усогласување на Универзалното време, засновано врз ротацијата на Земјата, и Меѓународното атомско време, воспоставено во 1971 година, одвреме-навреме се додава по една секунда за да се усогласат двете временски скали. Имено, кога било воспоставено Универзалното координирано време, со меѓународна конвенција било договорено дека разликата меѓу двете временски скали не може да биде поголема од 0,9 секунди. Од 1972 до 2015 година биле додадени вкупно 26 секунди. Така, ноќта меѓу 30 јуни и 1 јули 2015 година, во сите земји во светот, последната минута од 30 јуни била продолжена за една секунда, т.е. траела 61 секунда. Претходно, оваа постапка била извршена во 2012 и во 2008 година. Инаку, разликата меѓу времето засновано врз Земјината ротација и атомското време се јавува како последица на тенденцијата на Земјата да го забавува своето движење околу својата оска, под влијание на гравитацијата на Месечината и на Сонцето, на атмосферските движења, на промените на ледената прекривка, на земјотресите итн., поради што еден ден не трае точно 24 часа. Од друга страна, атомските часовници се исклучително прецизни и кај нив до отстапување од една секунда може да дојде на секои 300 милиони години. Некои земји, како САД и Франција се противат на практиката на повремено додавање на една секунда, сметајќи ја за непотребно усложнување на работите, додека Британија и некои други земји ја поддржуваат оваа постапка.[3]
Сидералното време ја мери ротацијата на Земјата во однос на пролетната рамноденица. Во текот на еден сидерален ден, Земјата ротира околу својата оска во период од 23 часа, 56 минути и 04 секунди од средното, граѓанско време. Според тоа, сидералното време во секој момент е аголот на пролетната рамноденица изразен во часови, минути и секунди, и секогаш е локално.
Низ историјата се користеле разни видови на инструменти за мерење на одредени временски интервали. Познати се: песочниот часовник, водениот часовник или клепсидра, сончевиот часовник или гномон, а било користено и горењето на свеќите. Зборот „часовник“ е воведен многу подоцна и се однесува на голем дијапазон на уреди за мерење на времето - од рачните часовници, до атомските часовници.
За мерна единица на времето низ целиот свет е земена секундата, а најмалиот дел од времето што е измерен е атосекунда или 1/1018 дел од секундата, измерен во 2006 година.
Стивен Хокинг во својата книга „Кратка историја на времето“, а и на други места, го зачна проблемот со времето и Биг бенг. Хокинг вели дека дури и да не започнало времето со Биг бенг, односно можеби постоел понаков временски систем пред Биг бенг, ништо од она што се случило пред Биг бенг не може да има никаков ефект врз денешниот систем на мерење на времето. Затоа, Хокинг вели дека времето всушност започнало со Биг бенг, а прашањето за тоа што се случувало пред Биг бенг се безнајачни.[4]
Патувањето низ времето е концепт на движење напред и назад во различни точки од времето. Иако патувањето низ времето е изум на научно-фантастичните дела уште од 19 век, а патувањето во иднината е претпоставка за можен феномен според теоријата за релативноста, сè уште не се знае дали законите на физиката ќе дозволат патување во минатото. Машината која би овозможила патување низ времето, хипотетичка или измислена, се нарекува „временска машина“.
Главниот проблем со патувањето во минатото е причинско-последичната врска: доколку нешто измените во минатото, може да се одрази врз ситуациите во сегашноста. Ова може да создаде ефект на временски парадокс. Најпознат во таа смисла е „Парадоксот на дедото“, кој вели дека ако патувате во минатото и го убиете својот дедо, вашите родители нема да се сретнат, па вие нема ни да се родите, но ако не се родите нема ниту да патувате низ времето, т.е. вашиот дедо ќе преживее...
Но, ако преживее тој ќе го создаде вашиот родител кој ќе се сретне со својот животен партнер и вие сепак ќе се родите и сепак ќе патувате низ времето и пак ќе ја сторите истата „свинштина”, а вашиот несреќен дедо ту ќе биде убиен, ту нема, и така во круг до бескрај.[5]
Времето се јавува како тема во уметноста и во популарната култура.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.