Патување низ времето

From Wikipedia, the free encyclopedia

Патување низ времето

Патување низ времето е концепт на движење меѓу две различни точки во времето на ист начин како кога се движиме меѓу различни точки низ просторот, било да се работи за испраќање на предмети (или во некои случаи самоинформации) назад во времето во минатото, во некој момент пред сегашноста, или испраќање на предмети напред во времето во иднината. Иако патувањето низ времето е изум на научно-фантастичните дела уште од 19 век, а патувањето во иднината е претпоставка за можен феномен според теоријата за релативноста, сè уште не се знае дали законите на физиката ќе дозволат патување во минатото. Машината која би овозможила патување низ времето, хипотетичка или измислена, се нарекува „временска машина“.

Thumb
Илустрација на закривеност на просторот и времето.

Некои интерпретации на патување низ времето исто така сугерираат дека патување во минатото може да го одведе патникот во паралелен универзум, чија историја ќе почне да се менува од моментот кога патникот ќе пристигне во минатото.[1]

Потекло на концептот

  • 700 п.н.е. - 300 н.е. – Махабхарата
  • 200 - 400 н.е. – Талмуд
  • 720 н.е. – Урашима Таро
  • 1733 – Самуел Маден: Мемоарите на дваесеттиот век
  • 1771 – Луј Себастијан Мерсие: Годината 2440
  • 1781 – Џон Херман Весел: Година 7603
  • 1819 – Ирвинг Вашингтон: Рип Ван Винкли
  • 1836 – Александер Велтман: Predki Kalimerosa
  • 1843 – Чарлс Дикенс: Божиќна песна
  • 1881 – Едвард Пејџ Мичел: Часовникот кој одеше назад
  • 1895 – Х.Џ. Велс' Временска машина

Не постои согласување во која пишана творба е првата приказна за патување низ времето, бидејќи бројни стари записи споменуваат нешто што сугерира патување низ времето. Древните народни приказни и митови понекогаш вклучуваат нешто налик на патување назад во времето, како на пример, во хинду митологијата - Махабхарата каде е спомената приказната за кралот кој патувал до небесата за да се сретне со творецот Брама и е шокиран од сознанието дека додека се вратил на Земјата, минале многу века.[2][3] Друга стара приказна во која се споменува патување низ времето е јапонската приказна за „Урашима Таро“,[4] првпат опишана во Нихон Шоки (720 година).[5] Приказната зборува за млад рибар по име Урашима Таро, кој три дена бил на посета на едно место под морето, а откако се вратил во своето село, се нашол три илјади години во иднината, каде никој не го познава, куќата му е урната, а семејството одамна умрено.

Друг пример на ваква приказна може да се најде во Талмуд во приказната за човекот кој спиел 70 години, и кога се разбудил, неговите внуци веќе биле стари дедовци, а пријателите одамна починати.[6] Во поскори времиња, познатата приказна на Ирвинг Вашингтон од 1819 година Рип Ван Винкли разработува сличен концепт. Зборува за човекот по име Рип Ван Винкли кој заспал на планината и се разбудил после 20 години.[4]

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.